
Genesis X Coupe – концепт кој изпресионира на прв поглед / ФОТО+ВИДЕО
Луксузната марка на Hyundai, Genesis, изненадува се повеќе
По одличниот прием на претходните модели, се чини дојде време за уште еден сегмент од пазарот. Концептот X Coupe е тестер за сегментот луксузен електричен Gran Turismo.
Иако Genesis е многу млада марка, за само 6 години разви препознатлив, непогрешлив стил. Концептот X Coupe со голема решетка и тенки фарови е совршена референца на неодамнешните корејски креации. Од друга страна – сè уште е само концепт, а концептите секогаш треба да се истакнат со нешто ново.
Посебен акцент е ставен на динамичната странична линија и задниот дел со мало закосување што донекаде потсетува на купе во ретро стил. Доколку сериската верзија би имала слична форма, сигурно ќе привлече големо внимание каде и да се појави.
Внатрешноста е речиси целосно обложена со кафена кожа и не помалку е спектакуларна. Минималистички стил, истовремено елегантен со кокпит целосно насочен кон возачот, висечки централен тунел и фантастично обликуван екран одговорен за управување со вградените инструменти.
Материјалите за завршна обработка се прекрасни, барем визуелно, дотолку повеќе што, според претставниците на брендот, тие доаѓаат 100 проценти од рециклирани делови што се користат во други возила.
Погонот е еколошки, значи електричен, но повеќе од тоа не е познато затоа што нема повеќе детали од страна на Genesis. Можеби затоа што сè уште нема планови за производство на овој модел. Во моментов, тоа е приказ на можностите и насоката што брендот ќе ja следи во наредните години.