Францускиот автомобилски гигант Renault стана официјален партнер на најуспешниот француски фудбалски клуб ПСЖ, што значи дека Нејмар, Кавани, а сега и Џанлуиџи Буфон ќе ги рекламираат моделите на компанијата, како и на ревитализираниот бренд за спортски автомобили Alpine

Зделката е склучена минатата недела, но нејзините финансиски параметри остануваат барем засега во тајност, а од Renault потврдуваат дека планираат да го користат ПСЖ и неговите ѕвезди во своите рекламни кампањи на глобално ниво. Сеуште не е потврдено дали играчите на клубот ќе добијат автомобили од Renault за секојдневна употреба.

Големата ѕвезда на Бразил и ПСЖ, Нејмар, преферира да voyi Ferrari 458 Italia до стадионот и обратно, а неговата автомобилска колекција вклучува и Maserati, неколку модели на Audi, VW Touareg и Porsche 911.

Идеално со идеите на Renault се поклопи Џиџи Буфон кој на првиот ден во клубот пристигна зад воланот на Renault Kadjar што дефинитивно им се допадна на медиумите и навивачите во Париз.

Loading...