Светскиот рели шампион го вози новиот hot-hatch со луда брзина низ тунелите за рудник за сол

Новата генерација на „жешката“ Ford Fiesta ST минала забавен, но и необичен авантуристички тест. Автомобилот е тестиран со голема брзина во лавиринтите на рудник за сол на длабочина од 400 метри под површината на земјата.

Она што не е познато е каде се наоже овој рудник за сол. Се известува само дека подземниот лавиринт, ископан на длабочина од 400 метри, има многу кривини и должина е над 60 километри. Температурата во тунелот е секогаш иста – 16 степени. Поради строгите барања за безбедност, бројот на луѓе од тимот кои морале да работа на реализација на рекламниот клип бил минимизиран.

Зад управувачот со hot-hatch моделот, придвижуван од 3-цилиндерски 1,5-литарски бензински мотор EcoBoost со моќност од 200 коњски сили, е светскиот рели шампион Елфин Еванс. По тестот, Еванс изјави дека чувството за возење автомобил во рудник за сол, е речиси исто како и на чакал, и со обични гуми на таков слој е доста лизгаво.