Француската влада им порачала на производителите на автомобили и пратечката индустрија дека ќе им помогне да се справат со големиот пад на продажбата на дизел возила

Министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мер, треба да се состане со водечките личности од автомобилската индустрија во почетокот на април. Целта е да се зачуваат 12.000 работни места поврзани со дизел мотори и компоненти.

За време на посета на фабриката на PSA во градот Мулуз, каде што се состанал со првиот човек на групацијата, Карлос Таварез, Ле Мер изјавил дека владата се обидува да им „помогне на големите компании како PSA, да се справат со преориентацијата на бензински, хибриден и електричен погон“ , објави француската AFP.

Минатата есен, Ле Мер објави формирање на работна група, чија задача е да се реши проблемот со дизелoт. Тој тогаш изјави дека данокот на дизелот ќе биде повисок за 3 центи за литар, со цел да се постигне паритет со бензинот.

Минатата година продажбата на дизел возила во Европа е падната за 7,9 отсто, според JATO Dynamics, а купувачите на автомобили се повеќе се откажуваат од дизел моторите. Причината се зголемените трошоци, построгите контроли и регулативи за заштита на животната средина, кои сè повеќе ќе го забрануваат присуството на дизелот во центрите на градовите.

Уделот на дизелот на францускиот пазар е паднат на 47 отсто, од 73 отсто во 2012 година. Во меѓувреме, производителите се обидуваат да се прилагодат на промените. PSA увезува повеќе од 100.000 мали бензински агрегати од кинеските погони, додека во меѓувреме се прилагодува производството во европските фабрики, а Reanult го зголемил производството на бензинци во Шпанија.

Мака мачат и добавувачите. Намалувањето на продажбата на дизел возилата носи црни облаци и над судбината на 1.600 работници во фабриката на Bosch во Родо, Франција. Le Merse се состанаl со претседателот na Bosch, Волкмар Денер на крајот од јануари, со цел да го охрабри познатиот снабдувач да го диверсифицира производството и да инвестира големи средства за да се спаси една од двете производствени линии.

„Владата ќе обезбеди целосна поддршка на Bosch групата и вработените да се справат со транзицијата и да ги идентификуваaт идните деловни активности, со приоритет на фабриката во Rodeo“.

Покрај Bosch, загрозена е и фабриката за инјектори на Delphi во Блоаи, како и Honewell Garret, која произведува турбополначи во источна Франција.