По можноста да видиме фотографии од Huawei P20, познатиот инсајдер Еван Блас денес објави фотографија која, наводно, го прикажува P20 Lite

Ако може да се верува на Блас, а според се претходно нема причина да не е така, Huawei P20 Lite ќе има голем издолжен екран, со веќе неизбежниот „заб“ на врвот. На дното е видлив раб малку поголем од очекуваното, но затоа тука е вертикалната двојна камера на задната страна.

Официјалното лансирање на Huawei P20 е закажано за 27-ми март, кога треба да ги видиме моделите P20 и P20 Plus (или Pro). Дали P20 Lite ќе биде презентиран заедно со нив или ќе пристигне подоцна, во моментов не е познато.