Како што се најавуваше, трката во Муџело ќе се одржи веднаш по трките за ГН на Белгија и Италија, односно на 13 септември, а тоа воедно ќе биде и трета трка по ред со дистанца од една недела

Потоа, по двонеделна пауза ќе следи трката за ГН на Русија, која е закажана за 27 септември.

„Со задоволство можеме да објавиме дека Муџело и Сочи ќе бидат дел од нашиот календар во 2020 година“, изјави шефот на шампионатот Чејс Кери. 

„Би сакал да се заблагодарам и на сите партнери кои не поддржуваа во последните неколку недели. Имавме одличен почеток на сезоната во Австрија минатиот викенд и јас сум убеден дека ќе можеме да го спроведеме целиот наш план како што предвидувавме. ГН на Русија е важен момент и со нетрпение очекуваме да заминеме во Сочи на крајот од септември. Од друга страна, пресреќни сме што ќе имаме илјадита трка која ќе се вози во Муџело“, дополни Кери