Германците ја тестираа новата верзија на бестселерот на Volkswagen на најчестите обиди за кражба

ADAС, германскиот автомобилски клуб, го тестирал Golf 8 на најчестите обиди за кражба и дошол до заклучок дека овој автомобил е отпорен на кражба со таканаречените „релеј кутии“.

Попрецизно кажано,Golf 8 неможе да се стартува без клуч ако го немате оригиналниот клуч на автомобилот во вашиот џеб или во непосредна близина.

Новиот Golf е опремен со UWB технологија, со која се открива точноста на радио-сигналот, односно точно се проценува дали сигналот доаѓа од оригиналниот далечински клуч на VW или станува збор за уред кој симулира сигнал и со него крадците се обидуваат да влезат во автомобилот.

Заклучокот е дека Volkswagen Golf е отпорен на кражби со таканаречените „релеј кутии“, кои денес се најчестата техника при кражба на автомобили.

Секако, тоа не значи дека е невозможно да се украде Golf, па затоа треба да се биде исклучително внимателен, а новите технологии се обидуваат да помогнат во тоа.