Валтери Ботас на доминантен начин победи на Јапонското ГП на легендарната патека Сузука, а Mercedes на четири трки до крајот на сезоната ја обезбеди шестата последователна титула во конкуренција на конструктори

Финскиот возач стартуваше фантастично и веднаш ја приграби водечката позиција, која ја задржа до самиот крај на трката. Ова е негов прв триумф по победата на трката за ГН на Азербејџан кон крајот на април, но неговиот придонес во рушење на рекордот кога станува збор за последователни титули во конкуренцијата на конструктори е секако од големо значење. Досегашниот рекорд го држеше Ferrari со пет последователни титули (1999-2004 година).

Радоста и високите надежи на Scuderia за првите две стартни позиции веднаш на стартот се претворија во кошмар. Фетел побрза со стартот па застана (не беше санкциониран), дозволувајќи му на Ботас да пролета покрај него, додека Леклерк влезе во трка со Макс Верстапен, во која тврдоглаво одбиваше да го пропопушти во тие моменти, побрзиот Red Bull. Сето ова резултираше со удар на Леклерк во болидот на Ферстапен, што предизвика Макс да се заврти. Холанѓанецот некако ја продолжи трката, но како последица веќе во 15-от круг мораше да се откаже од трката. Леклерк, исто така, претрпе оштетување на предното крило, но во тие моменти, сосема неразбирливо, Ferrari донесе одлука да го задржи младиот Моначанец на патеката и покрај тоа што фрлаше парчиња од болидот околу себе, откинувајќи го ретровизорот на Хамилтон. Ова беше една од оние ситуации кога се покажа дека ореолот може да спаси животи. 

По деталното испитување на случајот од страна на стјуардите на трката, Ferrari и Леклерк добија казни, Леклерк временска, а тимот парична.

Фетел успеа да помине без санкции поради предвремениот старт, веројатно затоа што не се здоби со никаква предност, туку, напротив, ја загуби. Германецот наскоро беше на 5 секунди зад лидерот, додека Хамилтон беше веднаш зад него, се до одењето во бокс во 16-от круг, кога на неговиот автомобил беа монтирани меки гуми, што значи дека се определил за стратегија со две затанувања. Круг подоцна, Mercedes во боксот го повика и Ботас, одлучувајќи се за средно тврди гуми.

Сепак, наскоро стана јасно дека деградацијата на гумите е многу поекстремна отколку што се очекуваше. Темпото на Хамилтон почна нагло да опаѓа во однос на ривалите кои беа на свежи гуми, принудувајќи го тимот повторно да го повика само четири круга после Ботас. На Хамилтон му беше поставен комплет средно тврди гуми п што на патеката се врати 10 секунди зад Фетел, а Британецот тоа „сочно“ го искоментира.

Сепак, актуелниот шампион добро ги искористи новите гуми, едноставно ја стопи предноста на Фетел, додека Ботас на чело од колоната се стекна со дополнителни 12 секунди предност. Финецот го одржуваше стабилно растојанието до второто и последното заминување на Фетел во боксовите во 31. круг, кога и на Фетел му беа поставени средни тврди гуми. Ботас замина во боксот пет рунди подоцна, што значи дека Хамилтон беше на чело на колоната во тие моменти.

На 22.круга до крајот Mercedes повторно го повика Хамилтон во боксот. Овој потег ги фрли Британецот на трето место, но со свежи меки гуми, тој брзо ја намалуваше разликата во однос на Фетел за во последните кругови да се најде веднаш зад него. Сепак, Фетел успеа да ја задржи втората позиција и покрај тоа што Хамилтон даде се од себе за да го престигне, а Ботас без закана од никого мирно ја приведе трката кон крајот.

По раното откажување на Макс Ферстапен, Александар Албон мораше да ја одбрани честа на Red Bull, што тој и го стори успешно, стигнувајќи до четвртата позиција пред Карлос Саинз од McLaren.

Чарлс Леклерк беше шести, но поради временската казна на крајот заврши на седмото место.

2019 Japanese Grand Prix: Резултати

 

2019 Japanese Grand Prix: Race Highlights

Следната трка од шампионатот се вози на 27. октомври за ГН на Мексико.