Владејачките политичари мудро молчат, но нема долго да одолеат на растечкиот аргумент дека е време да се воведување на ограничувања

Ограничувањето на брзината на германските автопатишта е тема која се почесто е пристутна во медиумите. Скоро секој ден некој излегува со свои идеи, а интензитетот на дискусиите сугерира дека таквата одлука е многу близу. Владејачките политичари мудро молчат, но нема да помине долго кога веќе не ќе може да се спротивстават на сè почестите аргументи дека е време да се воведат ограничувања. Извршниот директор на Audi, Марко Деусман смета дека ограничувањата ќе дојдат брзо и дека причината ќе биде намалување на СО2 емисиите

Деусман го наведува гледиштето на Audi дека не треба да се наметнуваат ограничувања, а деловите од автопатиштата на кои може да се вози со неограничена брзина, емисиите на СО2 можат да бидат намалени на други начини. Директорот на Audi, сепак, не е премногу оптимист и смета дека политичарите сепак ќе донесат одлука за воведување ограничувања на брзината.