Formula 1: Пјер Гасли победник во трилерот на Монца! / ФОТО+ВИДЕО
Пјер Гасли е победник на хаотичната трка за ГН на Италија во Монца. Возачот на AlphaTauri успеа да ги изадржи налетите на Карлос Саинз од McLaren во последните кругови, а третото место му припадна на Ленс Строл од Racing Point
Четвртата позиција ја освои вториот возач на McLaren, Ландо Норис, пред првиот Mercedes во крајниот пласман односно Валтери Ботас. Списокот на освојувачи на бодови го заокружија шестиот Даниел Рикиардо (Renault), седмиот Луис Хамилтон (Mercedes), осмиот Естебан Окон (Renault), деветиот Даниел Квјат (AlphaTauri) и десетто пласиораниот Серхио Перез (Racing Point).
Тек на трката
Стартот на трката помина одлично за Луис Хамилтон кој ја задржа својата стартна позиција и без проблеми за кратко се одвои од другите. Ботас имаше прилично лош старт, ја загуби позицијата од Карлос Саинз, а веднаш потоа се најде под притисок и од Ландо Норис. Возачот на Mclaren не успеа во првиот обид, но во вториот веќе му немаше спас на Ботас.
Малку невообичаен сооднос на силите, па Ботас веднаш се пожали на проблеми со болидот, но од Mercedes го уверуваа дека со него се е во ред. Дека веројатно нешто не е во ред со подесувањата на болидот, стана јасно откако набрзо на правец Ботас беше поминат од Перез, а потоа и од Рикиардо. Ботас падна на седмата позиција, пред Верстапен кој исто така имаше многу лош старт.
Пјер Гасли и Алекс Албон имаа инцидент во првиот свиок на почетокот од трката, но судиите оценија дека нема потреба од казна. Тоа не беше случај и со Алекс Албон кој беше казнет со + 5 секунди за инцидентот со Грожан во првиот свиок кога не остави доволно простор на патеката за возачот на Haas.
Во шестиот круг нешто излета од задниот крај на болидот на Фетел, за на крајот од правецот на стартно-целната рамнина, Германецот да не може да заврти, бидејќи му откажаа сопирачките. Германецот беше приморан да продолжи право, надвор од патеката. Некако успеа да го скроти болидот, без дополнителни оштетувања и проблеми. Сепак, мораше да дојде до боксот и да го запре болидот. Тоа значеше и крај на трката за Фетел и уште еден тркачки викенд за заборав.
Во 20-от круг, поради проблеми со болидот, Магнусен мораше да се откаже од трката и го паркираше болидот непосредно пред влезот во боксовите. Причина поради која на патеката мораше да излезе безбедносното возило, а питлејнот да биде затворен додека не се одстрани болидот на Магнусен. И покрај тоа, Хамилтон и Џовинаци влегоа во бокс, па затоа судиите веднаш ги ставија под истрага. Пред безбедносното возило да излезе на патеката, на замена на гуми влегоа Гасли, Леклерк, Раиконен, и Латифи.
Трката продолжи во 24-от круг, а Леклерк веднаш по рестартот ги заобиколи двајцата возачи на Alfa Romeo и стигна до четвртото место. Ботас, благодарение на добрата реакција на механичарите при влегувањето во боксот, ги мина Перез и Рикиардо, но сепак беше само деветти. Хаосот со безбедносното возило и промените на гумите не му помогнаа премногу ниту на Верстапен, кој падна на 11-то место.
И тогаш, на крајот од 24-от круг, доаѓа до страшен инцидент кога Леклерк на излезот од Параболика ја изгуби контролата над болидот, излета и се заби во заштитниот ѕид од гуми. За среќа, Леклерк помина неповреден, иако болидот беше целосно уништен, но управата на трката одлучи привремено да ја прекине трката во 27-от круг. Возачите се наредија во питлејнот и чекаа рестарт на трката, кој јасно, немаше да се дозволи се додека не се тргне болидот на Ferrari и не се санира заштитниот ѕид.
A huge impact for last year's Monza winner on Sunday
Though his race was over, Charles Leclerc was okay after this crash coming out of Parabolica#ItalianGP ?? #F1 pic.twitter.com/gwZbEQfVdT
— Formula 1 (@F1) September 6, 2020
Во меѓувреме казна од +10 секунди добија Хамилтон и Џовинаци, заради непочитување на наредбата за невлегување во боксовите при одстранувањето на болидот на Магнусен.
По триесетина минути прекин, во 16:10 часот дојде одлуката на директорот на трката за рестарт во 16:20 часот, но не со летечки старт, туку со класичен според формацијата односно позициите на возачите до моментот на прекин на трката. Строл беше единствениот кој не ги смени гумите додека сите чекаа на рестарт на трката. Најголеми губитници во ситуацијата, се чинеше дека беа возачите на McLaren, кои беа шести и седми, а Норис сè уште беше под истрага за премногу бавно влегување во питлејнот.
Хамилтон реши да излезе на тврди гуми за да биде во најдобра можна позиција да ги стигне другите возачи по издржување на Stop & Go казната. Возачите на Alfa Romeo излегоа на меки, а повеќето од другите возачи на медиум гуми.
Рестартот на трката помина релативно мирно. Хамилтон ја задржа првата позиција, а Гасли се проби на втората позиција. Строл до крајот на првиот круг по рестартот ги загуби позициите од Гасли, Раиконен, Џовинаци и Саинз. Хамилтон веднаш отиде во бокс за да ја одработи казната, а Џовинаци истото го стори неколку круга подоцна. Во меѓувреме, во 31-от круг трката заврши за Макс Верстапен поради технички проблеми со болидот. Во 33-от круг, Саинз го помина Раиконен во борбата за втората позиција и тргна во потера по Пјер Гасли кој веќе направи извесна предност.
Два круга подоцна, прво Ленс Строл го стори истото, а потоа и Ландо Норис, по што Раиконен започна силно да паѓа во поредокот. Неколку круга по издржување на казната, Хамилтон се приближи до крајот на колоната, а прва пречка во пробивањето напред кон позициите кои носат бодови му беше Албон на 14-та позиција.
Десетина кругови пред крајот немаше поголеми случувања на патеката. Саинз ја намалуваше предноста на Гасли, а Хамилтон веќе беше во позиција да се бори за освојување бодови. Норис, кој помина без казна, успешно се бранеше од Ботас во борбата за четвртото место.
Во 46-от круг Хамилтон го мина Раиконен и влезе во Топ 10. На пет круга пред крајот на трката, Саинз заостануваше секунда и две десетинки зад Гасли, но во вториот сектор редовно губеше неколку десетинки, па не успеваше да влезе во DRS зоната.
На Шпанецот тоа конечно му успеа на почетокот од последниот круг и се доближи максимално блиску до Гасли, но Французинот остана ладнокрвен, го издржа и последниот напад на Саинз и на Alpha Tauri му ја донесе втората победа во историјата, по победата на Фетел во 2008 година на истата патека. Воедно, Гасли е првиот Французин кој успеал да триумфира на една трка по далечната 1996 година и Оливие Панис. Третата позиција ја задржа Ленс Строл од Racing Point.
"OH MY GOD!! WHAT DID WE JUST DO?! DID WE WIN THE ****** RACE?! WE DID IT AGAIN!!!" – @PierreGASLY, 2020#ItalianGP ?? #F1 pic.twitter.com/45BZqX15pw
— Formula 1 (@F1) September 6, 2020
Резултати:
Highlights:
Изјави по трката:
„Ова е неверојатно. Беше тоа луда трка, а ние профитиравме од црвеното знаме. Но, болидот беше брз на патеката, оставивме зад нас неколку прилично брзи болиди“, изјави Гасли по трката. „Поминав толку многу во период од 18 месеци. Минатата година мојот прв подиум, веќе тоа беше Wow со AlphaTauri, а сега и мојата прва победа овде во Монца. Навистина ми е тешко да разберам што навистина се случува. Овој тим направи толку многу за мене. Први ми дадоа шанса во Formula 1, први ме донесоа на подиумот и први до победа. Тоа е лудо, искрено. Баш лудо. Јас сум многу среќен и немам зборови со кои доволно ќе се заблагодарам на сите од AlphaTauri и Honda“.
„Чувството е неверојатно. Само половина сум разочаран од второто место бидејќи никој не можеше да верува дека ќе добијам шанса да се борам за победа“, изјави Саинз по трката. „Бевме многу, многу блиски. Да имаше само уште еден круг… И под нормални околности, мислам дека ќе бев на второто место зад Луис затоа што имавме навистина добра брзина. Резултатот е она што го заслужуваме“.
„Среќен сум со третата позиција! Поминаа неколку години откако стапнав на подиумот и убаво е да се вратам! Навистина сум среќен за Пјер, тој добро стартуваше по рестартот и постојано ја одржуваше предноста“, се зборовите на Строл по трката. „Штета за второто место, но и тоа што не успеав да ја задржам втората стартна позиција по повторениот старт на трката“.
Where do we even start!? ???
What. A. Race. What a finish. What a result. ??
We're LIVE with @wbuxtonofficial and special guest @PiFitti to drink in every post-race moment of a sensational #ItalianGP ??#F1 https://t.co/OhCVhPtSWM
— Formula 1 (@F1) September 6, 2020