Formula 1: нов рок за добавувачите на менувачи
Fia го продолжи рокoт за поднесување на понуди од идните добавувачи на менувачи во Formula 1 за 2021 година
Главното тело на Formula 1 минатиот месец објави конкурс преку кој ќе го одбере најдобриот понудувач односно тимски снабдувач на тимовите со менувачи во период од три години (2021 – 2024 година).
Првиот рок за поднесување беше до 14. март, но FIA навремено го смени рокот поради наводна грешка во оригиналната форма на конкурсот.
Официјалната изјава во која се менува рокот не е дополнително изменета. Новиот краен рок за поднесување е 19 март 2019 година напладне, а пролонгирањето од FIA е со цел добивање повеќе понуди. Се шпекулира дека еден од добавувачите не успеал на време да ја подготви својата понуда, па поради неа FIA излегла во пресрет.
Јавноста сега за сега знае само за една компанија која аплицирала на конкурсот, а тоа е Xtrac. Британскиот добавувач во моментов работи со Mercedes, а нивниот директор, Питер Дигби, вели дека се навикнал на толку кратки рокови.
„Мислам дека од нас се очекуваше да направиме понуда. Крајниот рок беше многу краток, но зборуваме за спортски трки и веќе сме навикнати на брзина“, вели 61-годишниот Британец за Motorsport.com.
Xtrac ја подготвиле својата понуда за првобитниот рок, но одлучиле да не ја поднесуваат токму поради промената на датумот.