Според некои извештаи, постојат тимови кои покажале интерес да се приклучат на Formula 1. Условот е Liberty Media до 2021 година да направи се што може за да го направи спортот поконкурентен и попривлечен

Освен што се изменети правилата за шасијата и моторот, управното тело на Formula 1 и FIA работат на промени кои вклучуваат промена на финансиската распределба меѓу тимовите, трошоците за натпреварување и управувањето со шампионатот.

Сепак се чини дека една од почетните цели, привлекување на нов производител на мотори, нема да се реализира за сега.

Сепак, на прашење на изданието Motorsport.com дали промените во 2021 година ќе бидат доволни за да привлечат нови учесници, извршниот директор на Formula 1 вели дека интерес постои ако Formula 1 е во состојба да обезбеди конкурентна и деловна рамка која ќе ги задоволи двете страни.

„Ова е една од нашите стратешки цели. Сакаме да го направиме спортот поатрактивен за новите учесници. Секако, тука улогата ја играат правилата за 2021 година и се надевам дека ќе ги привлечеме. Имавме голем број на потенцијални нови соработници, повеќе од тимови отколку на производители. Тие изразија интерес и ентузијазам. Ние треба да им обезбедиме структура со која тие сметаат дека ќе им се овозможи конструктивно влегување во Formula 1“, вели Кери.

Сегашните тимови во Formula 1 ќе бидат официјално презентирани, со правилата за 2021, на состанок на стратешкиот тим на крајот од овој месец. Кери вели дека финализирањето на овие правила ќе го отвори патот за понатамошни разговори со нови учесници.

Одговарајќи на истото прашање, претседателот на FIA, Жан Тод, вели дека би сакал да има нови тимови и сака гридот од 10 екипи да порасне до 12 екипи. Formula 1 нема 12 тимови откако HRT излезе од натпреварувањето во 2012 година.

„Formula 1 треба да има 12 екипи, но, се разбира, ова ќе биде проблем. Ако имате 12 тимови со одреден приход за работа и напредок, тогаш најверојатно ќе добијат помал буџет. Не би биле среќни верувајте ми, но тоа би требало да биде F1. Подобро е да имате 10 силни тимови“, истакна Тод.

Тод минатото лето призна дека понудата за пронаоѓање нов производител на мотори за 2021 година, за жал, ќе биде неуспешна.

Loading...