Иако правилата за следната сезона остануваат стабилни, сепак има неколку промени

Малата таканаречена ајкула перка или Т-крила, како што ги нарекуваат, минатата сезона беа забранети за употреба. Сепак, McLaren користеше слична верзија на овој аеродинамичен дел за подобар приказ на броевите на болидите. Токму затоа, FIA одлучи овој додаток да го направи задолжителен, бидејќи истиот сега нема аеродинамичен ефект, туку само естетски.

Во 2020 година ќе има помал број тест денови, така да од осум, сега се закажани само шест. Бидејќи оваа сезона правилата не се менуваат многу, а болидите повеќе се еволуција отколку револуција во технички поглед, овој потег е направен со намера да се намалат трошоците.

Ако некој возач промаши или не види дека е потребно да се јави на превентивно мерење за време на сесијата, судиите нема да мора веднаш да му изречат казна од застанување на 10 секунди, туку казните ќе бидат поинакви. Слично важи и за предвремен старт, каде што казнените секунди ќе може да се додадат на крајот од трката наместо класичната drive through казна.

Од оваа година, тимовите за време на тестирањата нема да може да ги затвораат гаражите, туку истите ќе мора да останат широко отворени. Она што е дозволено е да го покријат болидот кога се шлепа од патека до гаража. Исто така, „полицискиот час“, е продолжен, така што механичарите ќе имаат повеќе време да спијат,  а сите тие ќе имаат право да го пробијат двапати во текот на сезоната без казна.

За оваа сезона додадена е уште една дозволена MGU-K компонента, бидејќи во 2019 година дури 9 возачи го користеле овој елемент повеќе пати од дозволеното. По трка, на возачите ќе може да им остане само 250 ml гориво во системот надвор од резервоарот, наместо 2-литри како што беше досега, а самите возачи сега ќе може да контролираат дури 90% од вртежите на моторот со посебна педала.