Се снимал како вози над 160 km/h, но и како излетува од патот

23-годишниот Кенет Хофлер од Конектикат се возел на автопатот I-95 во црвен Nissan Versa и притоа воопшто не водел грижа за брзината на движење. Додека самиот се снимал, лесно може да се види дека тој возел со повеќе од 100 mph или 160 km/h. Брзиот и невнимателен возач кој се „шетал“ од лента во лента, бил забележан и од сообраќајна патрола, кои го „уловиле“ на радар во момент кога вози 164 km/h.

Тие дури и не морале да тргнат во сериозна потера, бидејќи на излез од автопатот влегол со преголема брзина и нормално, излетал од патот. Полицискиот службеник наскоро го забележал повредениот Хофлер како излегува од искршениот автомобил и веднаш го уапсил.

А листата на прекршоци има многу ставки. Покрај тоа што е обвинет за несовесно возење, утврдено е дека претходно му била одземена возачката дозвола и возилото не било осигурано. Згора на се, при претрес во возилото се пронајдени над 30 грама марихуана. Подоцна било утврдено дека 23-годишниот Хофлер го пренесувал своето видео во живо на социјалните мрежи. 

На крајот, може само да се заклучи дека извесниот Хофлер всушност имал многу среќа. Да не бил врзан со појас, повредите би биле од сериозен карактер.

Loading...