Монаќанецот го имаше најдобриот резултат по првиот излез на патеката во Q3, но во вториот тој се заби во заштитниот ѕид што значеше и крај на квалификациите за сите останати

Возачите повторно ги пречека облачно време на квалификациите, но овој пат со почесто појавување на сончеви зраци, па затоа и патеката беше малку потопла отколку за време на третата тренинг сесија.

Во првата квалификациска сесија, вистинско мало изненадување беше Ботас, кој го немаше никаде за време на тренинзите, но со време од 1.10..938 секунди заврши речиси две десетинки пред Леклерк и Верстапен.

Зад нив се водеше голема борба гза опстанок во квалификациите. Расел возеше фантастично и целосно ги наруши плановите на другите, а возачите на Alfa Romeо повторно беа добри. На крајот Цунода остана прв под линијата, со само две стотинки заостанување зад петнаесеттиот Фетел. Алонсо остана зад Цунода, што беше непријатно изненадување за Alpine, Латифи беше осумнаесетти, Мазепин деветнаесетти, додека Шумахер и воопшто не стартуваше во квалификациите по ударот во оградата на третиот тренинг, бидејќи екипата на Haas не успеа да го оспособи болидот на време.

Вториот дел од квалификациите му припадна на Леклерк со круг од 1.10.597 секунди, половина десетинка пред Верстапен и десетинка пред Ботас.

Сите возачи решија двапати да излезат на патеката со нови меки гуми, со оглед на тоа што имаше еволуција на патеката поради која никој не можеше да ризикува да остане во гаражата и да го чека резултатот.

На крајот прв под линијата заврши Окон пред Рикиардо, кој никако да се пронајде себеси во McLaren, Строл, Раиконен и Расел. Разликата помеѓу дванаесеттиот Рикиардо и четиринаесеттиот Раиконен беше само 0,04.

По првата рунда на кругови во Q3, Леклер се издвои на врвот со време од 1.10.346 секунди, скоро две и пол десетинки пред Верстапен, и Ботас и Саинц, меѓу кои разликата беше само 35 илјадитинки.

Од друга страна, Хамилтон повторно немаше темпо, изгуби многу во клучниот втор сектор и беше само седми.

Во самиот финиш на квалификациите, целосен антиклимакс. Многу возачи поставија одлични времиња, особено Верстапен, Ботас и Саинц, но тогаш Леклер направи грешка, го допре ѕидот што резултираше со втор директен удар во ѕид по што беше објавен крај на квалификациите.

Во таква ситуација, Леклер ја одбрани пол-позицијата, што многумина ги потсети на паркирањето на болидот од Шумахер во 2006 година. Сепак, видеото јасно покажува дека Леклерк направи грешка и не можеше да стори ништо за да спречи удар во ѕидот на излезот од шиканата.

Верстапен на тој начин остана на второто место, додека Ботас беше трет.

Саинц не успеа да напредува поради ударот на неговиот тимски колега и остана четврти пред одличните Норис и Гасли, кои завршија пред очајните Хамилтон, Фетел, Перез и Џовинаци.