Британецот Луис Хамилтон триумфално ја заврши трката за ГН на Мексико, но пласманот на Валтери Ботас ја одложи промоцијата на старо-новиот шампион

И покрај ризичната тактика на неговиот тим, која ја критикуваше за време на трката, Британецот успешно му се спротивстави на Себастијан Фетел со само една промена на гумите во текот на 71 круг.

Покрај победата, за Хамилтон од големо значење беше и пласманот на неговиот тимски колега Ботас, единствениот од останатите со теоретски шанси во борбата за титулата. Финецот целната линија ја мина како третопласиран што беше доволно „крунисувањето“ на старо-новиот“ шампион да се одложи барем до следната трка, веќе следниот викенд во Остин, САД.

„Неверојатен резултат. Дојдовме уверени дека заостануваме зад Ferrari, ни беше тешко да се тркаме, но успеавме“, изјави Хамилтон по трката.

Ако се земе во предвид дека двајцата возачи на Ferrari трката ја започнаа од првите две стартни позиции, тогаш Хамилтон дефинитивно е во право. Резултатот е потврда и за уште една работа. По којзнае кој пат Ferrari ja губи тактичката војна со Mercedes.

Покрај двете стартни позиции, на тимот од Маранело во прилог, барем на почетокот од трката, му одеше и стартниот инцидент на патеката, бидејќи Хамилтон по контактот со Ферстапен падна на петтата позиција зад Албон, додека за Холанѓанецот веќе ништо не беше според плановите односно веќе тогаш се знаеше дека подиумот за него е само сон.

Се чинеше дека Ferrari рутински ќе победи, бидејќи Хамилтон на замена на гумите отиде многу пред Фетел, поради што тој и самиот го критикуваше својот тим, Mercedes. Сепак, Италијанците, по кој знае кој пат, направија грешка во калкулациите и со двата бокса фактички го елиминираа Леклерк од борбата за највисоката позиција на подиумот. На тоа дополнително влијаеше и грешката на механичарите кои на, во еден момент најбрзиот на патеката, Леклерк, поради очајна промена му „додадоа“ уште неколку секунди…

Во меѓувреме, Фетел и неговиот тим беа убедени дека Хамилтон и по втор пат ќе замине во боксот, па можеби затоа и Германецот возеше некако резервирано. Потоа, во финишот од трката, Фетел не можеше да стори ништо повеќе во борбата со Хамилтон.

„Многу напната трка. Имав голем притисок во форма на Валтери, па не можев да се сконцетриран Луис“, рече Фетел.

Трката во Мексико не донесе скоро никакви возбудувања на самата патека, па затоа, можеби, најинтересно беше во боксовите каде што мханичеарите „баш и немаа“ свој ден.

Следната трка на програмата е веќе од следната недела, 3 ноември во Остин а Луис Хамилтон има нова шанса за крунисување и со тоа да се доближи до Михаел Шумахер со шест титули првак..

2019 Mexican Grand Prix: Резултати

 

2019 Mexican Grand Prix: Race Highlights

Loading...