Возачот на Mercedes лесно и доминантно стигна до нов триумф на Каталуња

Победникот на трката, Луис Хамилтон, стратуваше од првата позиција и на неа остана се до крајот на трката. Макс Верстапен во Red Bull заврши на второто место пред третопласираниот Валтери Ботас од Mercedes, кој воедно е и освојувач на дополнителниот поен за најбрз круг во трката. Четврти и петти завршија возачите на Racing Point, Ленс Строл и Серхио Перез. Списокот на освојувачи на поени го дополнија Карлос Саинц со McLaren, Себастијан Фетел со Ferrari, Александар Албон со Red Bull, Пјер Гасли со Alpha Tauri и Ландо Норис со McLaren како десетти.

Хамилтон започна добро, ја поведе колоната, а зад него беше Верстапен, додека Строл се проби до третото место пред Ботас. По воведниот круг, Перез го држеше петото место пред Албон, Саинз, Гасли и Леклерк. Ботас веднаш започна да го притиска Строл, а Хамилтон веќе направи секунда и половина  предност пред Верстапен. Фетел стартуваше од 11-та позиција, на која и остана по првиот круг. 

Во текот на следните кругови Ботас силно го притискаше Строл, за да конечно го заобиколи во петтиот круг. Финецот продолжи продолжи да бележи брзи кругови со цел да се доближи до второпласираниот Верстапен. Холанѓанецот му пријде на водечкиот Хамилтон на само 1,2 секунди во 9. круг, додека Ботас заостануваше околу 2 секунди зад Верстапен. Принуден, за да си ја задрши позицијата, Хамилтон го крена темпото и ја зголеми разликата на 3 секунди. 

Во 18. круг, Албон ја отвори „сезоната“ на промена на гуми. По излегувањето од боксот, на патеката продолжи со медиум гуми. Во тие моменти Окон успеа да го заобиколи Раиконен со фантастичен маневар и стигна на 14. место.

Во 22. круг, во бокс влегува Верстапен и своите меки гуми ги менува со гуми со средна компонента, а по враќањето на патеката, успева да ја задржи позицијата пред Строл. Саинз беше следен кога станува збор за замените, па ја зема истата компонента како и Холанѓанецот, додека Хамилтон и Ботас, во бокс влегуваат еден по друг во 24. круг, по што излегуваат со средна компонента. Во тој момент водечкиот Mercedes имаше само 4,1 секунда предност во однос на Верстапен. Строл на прва замена на гумите влегува во 27. круг додека 30. круг е резервиран за замена на гуми кај Перез и Леклерк, по што возачите на Racing Point и Ferrari добиваат меки гуми.

Мексиканецот Перез веднаш успеа да се пробие до 6. место додека Рикиардо ја зазеде четвртата позиција, но без влегување во боксот. Во борбата за петтата позиција возачите на Racing Point влегоа еден против друг, додека Леклерк го нападна Норис во борбата за 11-то место. 

Рикиардо беше последен на гридот кој отиде на промена на гуми со јасна намера со новите гуми да издржи до крајот на трката (од медиум на меки гуми). Во 37. круг жолто знаме на патеката поради извртувањето на Леклерк. Младиот Монаќанец мораше да го пропушти целиот караван и падна на последното место во поредокот. Возачот на Ferrari веднаш отиде во гаражата, но не зилезе од неа. За него трката беше завршена. 

Албон веднаш по Леклерк влезе на втора промена на гумите (продолжи на средната компонента), а истото веднаш го направи и Верстапен. Холанѓанецот се врати на третата позиција со заостанување од 19 секунди зад Ботас.

Саинз исто така реши да замине на второ менување на гумите, а по враќањето на патеката мораше да се брани од нападите на Албан, во што Шпанецот и успеа. Строл во 44-от круг преоѓа на мека компонента, а Гасли на средна компонента. Два круга подоцна, во боксот влегува Норис со McLaren, а на патеката се враѓа со медиум гуми. Во 49-от круг Ботас преоѓа на меки гуми, но го губи второто место од Макс Верстапен, а круг подоцна Хамилтон преоѓа на средна компонента.

Ботас тргнува во потера по Верстапен и разликата паѓа на под седум секунди. Перез и Квјат, од друга страна, добиваат казна од додавање на пет секунди во крајното време поради игнорирање на сините знамиња, додека Строл по кратка борба го минува Фетел во борбата за петтото место. Саинз беше следниот возач кој го престигна единствениот возач на Ferrari на патеката, по што Шпанецот го зазеде 6-то место. Ботас со јасна намера (освојување на дополнителен поен за најбрз круг во трка) на два круга пред крајот повторно оди во боксот.

Хамилтон до крајот на трката рутински извозе до нова победа со скоро 20 секунди пред Верстапен, додека Ботас заврши трет, но со најбрз круг во трката.

РЕЗУЛТАТИ

HIGHLIGHTS

НОВИ РЕКОРДИ

Најмногу подиуми во историјата на Formula 1 – Луис Хамилтон 156, Михаел Шумахер 155 …

Себастијан Фетел влезе во Клубот 3000 – Фетел е сега вториот возач по Луис Хамилтон со освоено 3000 и повеќе поени во трка

Најмногу поминати километри во трка во однос на било кој друг возач во историјата на Formula 1

ИЗЈАВИЈА ПО ТРКАТА

Следната трка се вози за две недели во Белгија на патеката Спа-Франкошамп.