Актуелниот шампион и возач на Mercedes, Британецот Луис Хамилтон, триумфираше на историската прва трка за Големата награда на Катар, што се возеше како 20-та трка од овогодинешниот шампионат во Formula 1

Седумкратниот светски шампион на патеката „Losail“ стигна до седмата победа сезонава, а вкупно 102. во кариерата, возејќи како прв од стартот до крајот.

Второто место го зазеде Макс Верстапен во болидот на Red Bull, а неговото заостанување во однос на Британецот на крајот беше околу 25 секунди. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Alpine, Фернандо Алонсо.

На премиерата во катарската пустина, Хамилтон извозе без грешка – стартуваше од пол-позицијата, брзо се одвои од своите ривали и во ниту еден момент не беше загрозен. Непосредно пред почетокот Макс Верстапен и Валтери Ботас беа казнети со минус пет пет позиции поради непочитување на двојните жолти знамиња во финишот на квалификациите, но Холанѓанецот брзо се проби на втората позиција, а бонус за него на крајот беше и бодот за најбрз круг во трка.

И додека двајцата најдобри во ниту еден момент не беа загрозени на водечките позиции, Алонсо стигна до првиот подиум по трката во Унгарија во 2014 година, благодарение на добрата тактика на тимот, а делумно и поради грешките на Red Bull. Двократниот светски шампион по стартот беше втор, но само кратко успеваше да им парира на возачите на Mercedes и Red Bull, но само еднаш отиде на бокс на промена на гумите, а профитираше и од тоа што Серхио Перез можеби непотребно, мораше два пати да влегува во боксот за промена на гумите.

Алонсо и Перез на крајот ги делеше нешто помалку од три секунди, а позади нив беа Естебан Окон во вториот болид на Alpine, пред возачот на Aston Martin, Ленс Строл. Најдобрите десет, а воедно и освојувачи на бодови ги комплетираше дуото на Ferrari, Карлос Саинс јуниор и Шарл Леклер, пред Ландо Норис во McLaren и четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел во болидот на Aston Martin.

Покрај целосната доминација на Хамилтон, како и враќањето на Алонсо на подиумот, трката ја одбележаа и проблемите со пукање на гумите. Еден од возачите кому му беше оштетена гумата беше Валтери Ботас во вториот Mercedes, во моментот кога ја држеше третата позиција и непосредно пред да го го посети боксот за замена на гумите. Финецот не ја заврши трката, бидејќи тимот го одвлече до гаражата пред последните три круга, а возачот на Williams Николас Латифи се откажа по него, поради чие запирање беше воведено виртуелното безбедносно возило.

Благодарение на триумфот, Хамилтон ја намали разликата со Ферстапен во генералниот пласман на осум бода, а до крајот на сезоната остануваат уште само две трки. Првата од нив ќе се вози на 5 декември за Големата награда на Саудиска Арабија, а една недела подоцна е закажано големото финале во Абу Даби.

2021 Qatar Grand Prix / РЕЗУЛТАТИ

2021 Qatar Grand Prix / HIGHLIGHTS

2021 Qatar Grand Prix / ИЗЈАВИ ПО ТРКАТА

Луис Хамилтон

„Последните две недели беа фантастични. Но, нема време за славење, следната недела се враќам во тимот, утре ќе тренирам, мора да останеме фокусирани. Немам многу други емоции освен мотивација, но важно е што ги надополнив бодовите на последните две трки“, изјави британскиот возач и додаде:

„Red Bull е сè уште многу брз, а тоа го видовте денес бидејќи тие го имаа најбрзиот круг на трката, а двата болида лесно ги престигнуваат другите. Имаме уште работа“.

„Ми се допаѓа тесната борба, притисокот, барањата што ги поставува пред вас и пред целиот тим. Целосно уживав, но последните две трки бараат уште подобар настап, па мораме да се покажеме најдобро што можеме“, изјави Хамилтон.

Макс Верстапен

„Имав одличен старт и тоа ми помогна брзо да се пробијам на второто место. Во Катар тоа беше максимумот. А тој бод за најбрз круг значи многу во финалната борба за шампионската титула“, изјави Ферстапен.

„Задоволен сум од тоа како се однесуваше болидот. До последниот метар ќе се води борба за титулата. Подготвен сум“, истакна Макс Верстапен.

Фернандо Алонсо

„Неверојатно! По седум години сум на подиумот. Бевме блиску на неколку трки, но не успеавме во тоа. Сега да. Беше тесно со Перез на крајот. Многу сум среќен за тимот. И Естебан Окон заврши петти. Ова е многу добра недела за нашиот тим“, изјави возачот на Alpine.

„Мислам дека комплетната трка беше многу добро завршена. Тимот беше одличен, сигурноста на болидот беше врвна. Го заслуживме овој резултат“, додаде Алонсо.

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Watch Hoshikuzu Paradise Episode Full

Dragon Ball Z: The World's Strongest Episode Full

Website https://animeheaven.pro: Watch Land of the Lustrous animeheaven Episode 12 anime heaven website