Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон стигна до нова победа на трката за ГН на Португалија по крајно прецизно и беспрекорно возење 

Британецот „удри“ по своите најголеми ривали, Макс Верстапен и Валтери Ботас, токму тогаш кога беше најважно – во средината на трката, и до крајот не им остави ни мала шанса да се обидат да го стигнат.

Со новата победа Луис ја зголеми предноста во Генералниот пласман за возачи на осум поени пред второпласираниот Макс Верстапен од Red Bull. Макс Верстапен во Португалија едноставно немаше брзина за да му се спротивстави на Британецот. Холанѓанецот заврши половина минута зад ѕвездата на Mercedes, но на крајот влезе во бокс по нови гуми, со кои сепак успеа да забележи најбрз круг во трка и да го освои дополнителниот бод. 

Пред почетокот на трката за ГН на Португалија, главната грижа на возачите беше екстремно силниот ветер кој влијаеше на однесувањето на болидите во текот на целиот тркачки викенд.

По саботните квалификации, првиот стартен ред го имаа возачите на Mercedes – Валтери Ботас и Луис Хамилтон, а по нив следеше двоецот на Red Bull, Макс Верстапен и Серхио Перез. Сите возачи трката ја започнаа со средната компонента на гуми.

Стартот, како и првиот круг, помина без проблеми и без контакти, но на самиот почеток на вториот круг, Кими Раиконен по контактот со тимскиот колега Антонио Џовинаци излета од патеката останувајќи без предното крило.

На патеката излезе безбедносното возило кое на неа се задржа се до шестиот круг.

По рестартот, Макс успеа да избие пред Хамилтон, а Саинц загуби две позиции. Очигледно Ferrari сè уште има проблем со загревање на гумите. Расел од Williams исто така загуби многу, дури четири места. Од друга страна Ландо Норис (McLaren), се проби на четвртото место. Водечкото трио, Ботас, Верстапен и Хамилтон брзо се одвоија од остатокот на колоната.

Во 11-от круг, Макс доживеа пролизгување на задниот дел во последниот свиок. Хамилтон веднаш го искористи ова, го врати второто место од стартот на трката и тргна во „лов“ Ботас и лидерската позиција. 

Во 15-от круг, Перез се врати на 4-то место со претекнување на Норис, но веќе заостануваше 10 секунди зад водечката тројка. До тој момент многу возачи добија предупредување за надминување на границите на патеката на излезот од првиот свиок.

Во 18-от круг Рикиардо го пртекна Фетел во борбата за 10-то место, а водечкото трио полека се збиваше меѓусебе. За тоа време, Перез пристојно им се приближи, но не успеа долго да го задржи темпото. Два круга подоцна, Хамилтон го мина Ботас за лидеркса позиција во трката!

Прво кој влезе во бокс по нови гуми беше Карлос Саинц (Ferrari), 22-ри круг. Тој повторно доби гуми со средна компонента, за потоа и останатите да започнат да влегуваат за промена на гумите. Саинц и Норис имаа тесна борба откако излегоа од боксовите, но новајлијата во црвениот болид немаше доволно сила да го престигне Британецот.

Макс го „бркаше“ Ботас, но Финецот добро го покриваше просторот бранејќи ја својата позиција и онаа на колегата на првото место, но најмногу го спаси тешкото излегување на болидот на Макс од последната кривина. 

На средина од трката, Хамилтон имаше најбрзи кругови, а младите француски сили Пјер Гасли и Естебан Окон имаа тесна борба за 11-то место.. Макс го загуби DRS-от зад Ботас, чекајќи ги првите влегувања во боксовире за лидерите. Прв кој влезе беше Макс. За да круг подоцна Ботас влезе во боксот и да се врати пред Макс.

Со попрецизно возење, во 38-от круг Макс го поминува Ботас, а Хамилтон влегува во бокс. Водството го презема Перез, кој до тој момент сеуште немаше посета на механичарите.

Во меѓувреме, возачите на Ferrari ги заменија местата, па Леклерк дојде на деветото место. Сепак, тие наскоро се „фатени“ од овојпат одличниот Естебан Окон. Mercedes продолжува да реди најбрзи кругови, а Окон го минува Саинц во борбата за седмото место.

На 20 круга до крајот, Ботас беше се поблизу до Макс, а предноста на Серхио Перез се повеќе се трошеше, бидејќи тој беше единствениот кој до тој момент не беше влезен во бокс. Леклер се приближи до Норис во борбата за петтото место, но до крајот на трката сепак не успеа да го престигне.

Во 51-от круг, Хамилтон лесно го престигна Перез и повторно ја поведе трката. На 15-ет круга до крајот, Перез конечно се реши за промена на гумите. Во меѓувреме Фернандо Алонсо прави голем пробив до деветтото место покрај Рикиардо кој очигледно сè уште не се прилагодил на новата средина.

Во 55-от круг, Ботас го извести тимот дека губи сила, што веднаш се почувствува во однос на темпото на Макс Верстапен. Сепак, по дијагнозата на проблемот со сензорот за температура на издувот, Ботас донекаде го враќа темпото, со што не му дава шанса на Перез да успее да стигне до третата позиција.

Во шпанскиот дуел, Алонсо го помина Саинц во борбата за 8-то место. Саинц под притисок на Рикиардо, од 9-то место падна позиција подоле. 

Луис Хамилтон мина прв низ целта и ја освои својата втора сезонска победа, 97-на во кариерата. Најбрзиот круг на крајот го постави Макс Верстапен.

Следната трка се вози за една недела за ГН на Шпанија.

2021 Portuguese Grand Prix / Резултати

2021 Portuguese Grand Prix / Race Highlights