Пред почетокот на новата сезона во Formula 1, спортот спортот го затекна една лоша вест. Имено во својата 66-та година, ненадејно од, како што се наведува, од белодробна во Мелбурн, почина долгогодишниот директор на трките Чарли Вајтинг

Неговата кариера започна во Хескет во 1977 година, за да во 1980 година се пресели во  Brabham. Од 1988 година е во управувачкито одбор на трките за да конечно стане директор на трките во 1997 година.

„Тешко ни е поради неговата ненадејна смрт. Го знам Чарли долго време. Тој беше една од главните фигури во  Brabham. Како директор, одлично ја вршеше својата работа, па со неговата смрт Formula 1 загуби свој голем пријател и харизматичен амбасадор“, изјави Жан Тод откако ја слушна веста за смртта.

 

„Долго време го познавав Чарли, уште од денот кога работевме заедно како механичари. Станавме големи пријатели и поминавме многу време на патувања и патеки низ целиот свет. Јас сум многу тажен. Голема загуба за неговото семејство и целиот свет на Formula 1“, изјави Рос Браун.

Loading...