Полека но сигурно се склопува сложувалката наречена возачки постави на Formula 1 тимовите за следната сезона

Последни кои ја потврдија возачката двојка за 2022 година се од тимот на Aston Martin. Всушност возачката постава останува непроменета, а тоа значи дека и следната сезона зад воланите на болидите на Aston Martin ќе ги гледаме  Себастијан Фетел и Ленс Строл.

„Навистина се радувам на трките со новата генерација на болиди во Formula 1. Нивниот изглед е многу поразличен од денешните болиди, а новите технички прописи треба да ни дадат болиди кои можат да се тркаат многу поблиску отколку порано”.

 

„Повозбудливите трки ќе бидат одлични за возачите, но и за фановите. Промените се толку големи што секој тим ќе мора да започне од почеток, така што тоа ќе биде одлична можност и за нас во Aston Martin. Верувам во силата на нашиот нов растечки тим, затоа веќе сега се радувам на 2022 година“, вели Фетел.

На слична линија е и помладиот Ленс Строл:

„Следната сезона ќе ја започнам шестата година во Formula 1 и навистина се радувам на продолжетокот на патувањето со Себастијан. Не го постигнавме она што сакавме да го направиме оваа година, но тоа само ја засили нашата глад и желба да успееме следната сезона“.

Директорот на тимот, Отмар Шафнауер, вели:

„Ленс е еден од најталентираните возачи во модерната Formula 1, и тој сега додава сериозна тркачка игра на тој суров талент“.

 

„Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, откако извозе 271 трки, од кои има победено на 53, е исто така голема предност за нашиот тим, а следната година очекуваме и двајцата да постигнат многу повеќе од тековната.

До крајот на годината (веројатно и многу порано) се очекува уште објавувањето на името на новиот тимски колега на Валтери Ботас во Alfa Romeo, како и потврда за дуото на Haas.

AnimeFreak: Shin Strange+ anime episode 12 online free at https://animefreak.ws anime freaks website

Website https://animetv.cc: Watch Tokyo Ghoul:re 2nd Season animetv Episode 12 top anime tv shows

AnimeBee: Reikenzan: Hoshikuzu-tachi no Utage anime episode 12 online free at https://animebee.to online anime

AnimeKisa Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Ello: https://ello.co/gogoanimebe

Independent academia: https://independent.academia.edu/gogoanimebe