Formula 1: Ферстапен го освои Бразил, катастрофа на Ferrari
Возачот на Red Bull, Макс Ферстапен e големиот победник на Бразилското ГП во рамките на Formula 1 шампионатот
Верстапен ја заврши трката со време од еден час, 33 минути и 14.678 секунди, и така стигна до својата осма победа во кариерата.
Втор низ целта помина возачот на Toro Rosso, Пјер Гасли, додека трет беше старо-новиот светски шампион Луис Хамилтон. Четвртото место му припадна на Карлос Саинз од McLaren, додека на петтото место заврши Кими Раиконен од Alfa Romeo.
На стартот, Верстапен одлично тргна, ја одбрани пол-позицијата, додека Хамилтон го престигна Себастијан Фетел од Ferrari и запоседна на втората позиција. Добар старт имаше и Чарлс Леклер кој иако квалификациите ги заврши како четврти, поради казна, стартуваше од 14. место. Истото важи и за Карлос Саинз од McLaren кој поради проблеми со моторот уште во првиот загревачки круг не ги заврши саботните квалификации, па мораше да стартува од последната позиција на гридот.
Верстапен цело време ја контролираше трката, па во 21-от круг, еден круг по Хамилтон замина на промена на гумите. На излезот, малку фалеше да се судри со Роберт Кубица, но брзо реагираше и избегна несреќа, по што на патеката се врати зад Хамилтон. Болидот на Red Bull едноставно леташе на патеката и по само два круга Верстапен ја врати лидерската позиција во трката.
Се до 54. круг немаше значителни промени кога следеше откажувањето на Валтери Ботас од Mercedes поради откажување на моторот. Поради небезбедно застанување крај патеката, следеше излегување на безбедносното возило, кое скоро сите го искористија за промена на гумите.
По „летечкиот рестарт“ на трката, односно повлекување на безбедносното возило од патеката, Верстапен остана на чело на караванот, Хамилтон го притискаше, додека Фетел ја загуби позицијата од Александар Албон.
И тогаш во 66. круг следеше се чини „главниот настан на денот“ или катастрофата на Ferrari – судирот на двата црвени болида. Леклер го поминува Фетел, а во обид Германецот да ја врати позицијата, доаѓа до контакт. Леклер со откачено предно десно тркало завршува крај патеката, исто како и Германецот чија задна гума поради контактот, едноставно експлодираше. Тука беше и крајот за Ferrari на трката во Бразил.
The moment the race turned on its head ?#BrazilGP ?? #F1 pic.twitter.com/Y77NrJMJ0g
— Formula 1 (@F1) November 17, 2019
Како резултат на судирот на двата болида на Ferrari, на патеката повторно излезе безбедносното возило, кое Хамилтон го користи за промена на гумите, по што на патеката се враќа зад Албон од Red Bull и Гасли oд Toro Rosso.
По новиот рестарт на трката на два круга до крајот, во борбата за третото место, Хамилтон жестоко го притисна Албон по што доаѓа до контакт и извртување на Albon. кој на крајот заврши дури на 14. место. До крајот, актуелниот шампион се обиде да го притисне и Гасли и низ целната рамнина влегоа еден покрај друг. Гасли сепак успеа да ја одбрани позицијата за прв подиум во својата кариера.
Контактот на Луис Хамилтон со Алекс Албон од Red Bull веднаш по трката беше разгледан од стјуардите на трката, конј донесоа одлука за казна за Хамилтон (+5 секунди на постигнатото време), по што дојде и до промени во конечниот редслед. Така Хамилтон падна на дури седмата позиција, а Карлос Саинз му го обезбеди првио подиум на McLaren по 2014 година во Мелбурн Австралија.
Go, go @Carlossainz55! ???#BrazilGP ?? #F1 @McLarenF1 pic.twitter.com/c5iJKs6Ur4
— Formula 1 (@F1) November 17, 2019
2019 Brazilian Grand Prix: Конечни резултати
2019 Brazilian Grand Prix: Race Highlights
Последната трка од шампионатот се вози во Абу Даби, Обединетите арапски емирати, на 29. Ноември.