Вчера беше седмиот ден од финалното тестирање во Барселона, а најбрзите времиња ги поставија возачите со најмалку искуство во Formula 1

Најбрз на патеката беше возачот на Ferrari, Чарлс Леклерк. Тој извозе 76 круга, а неговиот најбрз круг беше со време од 1: 16: 231, што е за повеќе од половина секунда побрзо од следното најдобро време.

Позициите два и три ги зазедоа момците кои минатата сезона ја поминаа во Formula 2, Албон и Норис. Албон беше околу 2 стотинки побрз од колегата Норис од McLaren, додека зад нив se najde Пјер Гасли. Што се однесува до Норис, тој покажа дека може да биде исклучително брз и ако McLaren-от биде „послушен“ битанскиот возач може да има многу добра сезона.

Гасли возеше 62 круга, кога во многу брзата кривина број 9 излета од патеката и се удри во заштитната ограда. По овој инцидент, погонската единица на Honda во Red Bull мораше да биде заменета. Ако се земе во предвид дека, погонската единица во болидот на Гасли еднаш веќе беше менувана за време на тестирањата, тогаш ова и не е баш добра вест за тимот.

Rokit Williams Racing Team го искористија црвеното знаме уште малку да поработат на својот болид и така подобро да го подготват за своите возачи. Шефот на техничкиот дел на тимот, Педи Лоу, не беше баш задоволен што неговиот тим пропушти речиси три дена од првиот тест, но кога болидот стигна во Барселона, фокусот беше ставен на поставување на што е можно подобри времиња на патеката и оптимизирање на болидите со цел подобро да им „легнат“ на Расел и Кубица.