Валтери Ботас во Mercedes со мирно возење ја освои интересната трка за ГН на Турција. Второто место му припадна на Макс Верстапен во Red Bull, а подиумот го комплетираше неговиот тимски колега Серхио Перез

Шарл Леклер (Ferrari) ја освои четвртата позиција пред Луис Хамилтон (Mercedes) на петтото место. Пјер Гасли (AlphaTauri) успеа да стигне до шестата позиција, Ландо Норис (McLaren) до седмата, а Карлос Сајнц (Ferrari) до осмото место. Најдобрите десетмина и воедно освојувачи на бодови ги заокружија Ленс Строл (Aston Masrtin) и Естебан Окон (Alpine), кој е единствениот кој не ги промени гумите на целата трка.

Тек на трката:

Стартот на трката во Истанбул парк се одржа во влажни услови и сите возачи стартуваа со интермедија гуми. Во кругот за загревање, стигна и информацијата дека условите на патеката ќе бидат слични во текот на целата трка.

Стартот помина без проблеми за првите тројца без никакви промени во редоследот. Најголем губитник беше Фернандо Алонсо кој од петтата позиција падна на 16-та поради контактот со Пјер Гасли. Неколку моменти подоцна, самиот Алонсо беше виновен за инцидентот со Мик Шумахер кој се изврте и се најде на крајот од колоната.

Луис Хамилтон успеа да ги избегне сите инциденти во првите кругови и дојде на деветтото место пред Себастијан Фетел. Пред Хамилтон беше Јуки Цунода кој вложуваше максимални напори да остане пред Британецот.

Во меѓувреме, Ботас, пак, направи предност од две секунди пред Верстапен, а истата разлика беше помеѓу Верстапен и Леклерк на третото место. Во 8-от круг, Хамилтон успеа да го мине Цунода и тргна во потера по Строл.

Голем чекор напред направи Карлос Саинз, кој од задниот дел на гридот успеа да стигне до 11-та позиција за само 10 круга. Откако ги мина прво Строл, а потоа и Норис, Хамилтон постави најбрзо време и покажа дека во тој момент е најбрзиот возач во Истанбул парк.

Следуваше објавата од судиите за казна од пет секунди за Пјер Гасли и Фернандо Алонсо поради инцидентите на почетокот на трката, а Макс Верстапен доби информација од боксот дека неговите гуми се во подобра состојба отколку на двата болида на Mercedes.

Во 22-от круг, Даниел Рикиардо влегува прв во бокс поради промена на гумите и добива нов сет на интермедија гуми на неговиот McLaren. Во истиот круг, Цунода загуби контрола над болидот во свиокот број 9 и загуби неколку позиции.

Во 25-от круг, тимовите почнаа да им јавуваат на своите возачи дека дождот на некои делови од патеката повторно се засилува, а Рикиардо не е ништо побрз на новиот сет гуми од водечките во трката. 

Перез беше во голема неволја бидејќи Хамилтон му се приближи на само неколку десетинки од секундата. Во последниот правец, Хамилтон фати добра заветрина и во последните три свиоци со Перез влегоа тркало до тркало. Перез сепак успеа да го задржи Хамилтон зад себе.

Во 38-от круг Себастијан Фетел се обиде да излезе на патеката со медиум гуми, што се покажа како лош потег и веќе во наредниот круг мораше повторно во бокс за да му бидат вратени интермедија гумите за влажна патека.

Хамилтон на промена на гумите беше повикан во 42-от круг, но Британецот одлучи дека се уште не е време за за тоа. Слично размислуваа и во Ferrari и во комуникација со Шарл Леклер, се договорија да пробаат да ја завршат трката со еден сет на гуми.

Во 47. круг, откако направи промена на гумите, Валтери Ботас го претекна Леклер и си го врати водството. Леклер сепак беше многу побавен и во следниот круг и тој мораше да замине во боксот за да ги смени гумите. Се врати на четвртата позиција зад Хамилтон, и пред Перез.

Луис Хамилтон во тој момент беше единствениот од петте најдобри кој ги немаше заменето гумите, а во исто време беше очигледно дека Леклер по промената на гумите полека ја намалува разликата во однос на него. Сепак, во 51. круг, Хамилтон оти во боксот и се враќа на петтата позиција зад Перез.

Леклерк имаше проблеми со гумите кој се прегрејаа, па беше поминат од Перес, а и Хамилтон веќе му „дишеше во врат“. Сепак, круг подоцна и Хамилтон го има истиот проблем, па постоеше опасност Пјер Гасли кој беше зад него да му се приближи и да го претекне.

Во меѓувреме Валтери Ботас мирно ја приведе трката кон крајот, а двата возачи на Red Bull ја зацементираа втората и третата позиција. Ботас успеа да го постави и најбрзиот круг во трката што му донесе дополнителен поен. 

До крајот на трката немаше големи промени и водечките возачи ги задржаа своите позиции. Естебан Окон беше единствениот кој успеа да ја извози целата трка на почетниот сет на интермедија гуми.

 

2021 Turkish Grand Prix / РЕЗУЛТАТИ

2021 Turkish Grand Prix / HIGHLIGHTS

2021 Turkish Grand Prix / QUALIFYING HIGHLIGHTS