Италијанскиот Fiat најавува проширување на гамата на модели во рамките на семејството „500“

Fiat ќе се обиде да ја искористи популарноста на малиот градски автомобил односно да вметне поголеми верзии посветени на семејниот транспорт.

„Ова е особено важно во јужна Европа“, вели директорот на Fiat во рамките на FCA групацијата, Оливер Франсоа.

Целта на Fiat е да балансира помеѓу две димензии – семејството 500 и семејниот транспорт. Нема да има големи автомобили, ниту премиум ниту спортски возила, бидејќи, како што вели Франсоа, тие немаат „легитимитет“.

Fiat ќе се вклучи повеќе во најпопуларниот европски сегмент, C-класата (VW Golf, Ford Focus, Opel Astra, Renault Megane) каде со години нема пристоен претставник (Tipo е буџетска верзија која не може да се натпреварува со споменатите конкуренти).

Сите модели ќе бидат со должина од 3,5 метри до 4,5 метри, а FIAT сака повеќе електрични модели. 

„Ни требаат повеќе „500“ модели за да имаме легитимитет да ја зголемиме цената“, вели директорот на Fiat.

Електрификацијата ќе биде предводена, секако, од базниот модел 500, кој дури и би можел да се откаже од традиционалниот дизајн со три врати и да стане поконкурентен со пет, можеби дури и со „suicide“ врати, како BMW i3.

Се очекува и нова генерација на кросоверот 500X, како и традиционалниот 500 Giardinier, еден вид караванска верзија на популарното Фиќо.

Fiat планира да ја електрифицира и новата Panda, која треба да пристигне во 2021 година, базирана на концептот Cеntoventi. Електричнита Panda се очекува две години по премиерата на нејзимата нова генерација.