Себастијан Фетел по трката за ГН на Португалија навести дека веројатно постои разлика помеѓу неговиот болид и оној на неговиот тимски колега Чарлс Леклерк

Четирикратниот светски шампион во изјава за RTL вели дека ситуацијата изгледа сомнителна. Тој заврши десетти во Портимао, а неговиот тимски колега беше четврти.

„Од една страна, задоволен сум затоа што чувствувам дека извозив добра трка. На почетокот ми беше тешко, изгубив места, два-три пати за малку ќе се извртев. Кога се ќе се земе во предви извозив добра трка“.

 

„Но, другиот болид е многу побрз. Каде губам време? „Гризам јазик“ цела година. Дали личам на идиот? Се сомневам“, вели Фетел.

 

„Во одреден момент, мора да имате барем среќа да ја достигнете границата. Мене тоа не ми се случува, па дури и да се случи, тоа е многу тешко. Работите изгледаат далеку полесни во другиот дел од гаражата.

 

„Тешко е да му верувате на вашиот аватомобил кога не се однесува константно. Морам да си ја работам својата работа, но ме боли. Особено поради моите очекувања, кои се многу поголеми од оние на патеката. Тешко ми е да ги прифатам нештата онакви какви што се затоа што сум премногу амбициозен и сакам поголем успех“.

Првиот човек на Scuderia, Матиа Биното е категоричен дека болидите на Леклерк и Фетел се идентични.