Ferrari SP51 Spider: Уникатен примерок за непознат клиент од Тајван / ФОТО+ВИДЕО
Уникатниот Ferrari SP51 Spider е изграден врз основа на серискиот модел 812 GTS и ги задржува неговите основни пропорции
Автомобилот изработен од одделот за специјални проекти на Ferrari е направен за непознат клиент од Тајван и е потпишан од шефот за дизајн на марката, Флавио Манцони.
Уникатниот Ferrari SP51 Spider е изграден врз основа на серискиот модел 812 GTS и ги задржува неговите основни пропорции, но има огромен црн преден довод за воздух, а дизајнот е севкупно „помеки“ линии со детали, како на пример, како нови светла и различни бандажи. Сосема доволно за суптилниот ретро изглед на уникатот. Специјалната металик црвена боја Rosso Passionale развиена само за овој модел совршено се совпаѓа со сината лента која го „преполовува“ телото на половина, како потсетување на тркачкиот Ferrari 410 S од 1955 година.
Иако основата е моделот 812 GTS, при изградбата на овој примерок се употребени многу јаглеродни влакна, од кои некои се видливи бидејќи не се лакирани.
Сепак, веројатно најпривлечниот дизајнерски елемент на SP51 е попречната карбонска „шипка“ зад кабината за две лица, за која Ferrari вели дека е стилска референца на „тарга“ дизајнот користен на спортските прототипови на Ferrari во 1960-тите. Од Ferrari исто така велат дека акцентот на дизајнерскиот процес, кој го вклучувал сопственикот на секој чекор, е во внатрешноста, каде што се имплементирани две посебни идеи. Едната била вклучување на сино-бели елементи во кабината, применети на контролната табла и централниот тунел, а другата употребата на бојата Rosso Passionale за ткаенината на седиштата од алкантара.
Како и секогаш кај уникатните Ferrari модели, моторот и моќноста не се споменуваат, но овие компоненти обично остануваат од серискиот модел. Ова значи дека SP51 најверојатно ќе биде придвижуван од стандардниот 6.5-литарски V12 од 812 Superfast/GTS со 800 КС при 8500 вртежи во минута и 718 Nm при 7000 вртежи во минута.
Цената не се споменува, но сигурно станува збор за милиони…