Квалитетите како што се корисност, ниска цена, ниска потрошувачка на гориво се главните карактеристики на романската Dacia. Иако во последно време немаат многу ниска цена во однос на порано, но сепак е најниска или меѓу најниските.

Designer Rostislav Prokop, Garáž.cz

Се поставува прашањето што би се случило доколку дизајнерите на марката се осмелат да цртаат спортски автомобил.

Резултатот може да биде моделот Speeder. Луѓето во Garaz.cz и дизајнерот Ростислав Прокоп направиле неколку рендерирани слики од Dacia Speeder, спортско купе што изгледа доста интересно во споредба со она што сме навикнати да го гледаме од Dacia.

Популарниот модел Sandero е избран за почетна точка, па автомобилот би бил исклучиво со погон на предните тркала, се разбира, доколку некогаш влезе во производство. Дизајнот на предниот дел го следи дизајнерскиот јазик на брендот, па го гледаме новото лого на Dacia и карактеристичните LED фарови.

Страната на моделот има аеродинамична форма. Тркалата се направени од лесна легура со диск сопирачки напред и назад, покажувачи на насоката во калниците и рачки сместени во каросеријата. Што се однесува до шасијата, овде се користела шасијата на Sanderо, но спуштена и со модифицирани амортизери.

Во задниот дел доминира суптилен спојлер. Задните светлосни блокови користат и LED технологија. На багажникот е логото на брендот и амблемот Speeder.

Издувниот систем на спортскиот модел е насочен низ центарот со украсна издувна цевка на крајот. Затоа веројатно нема да има резервно тркало, туку само комплет за поправање гуми.

Дизајнерот дури нацртал основна верзија на Speeder, односно со најнизок пакет опрема. Најевтиниот Speeder нема браници, рачки или капаци во боја на каросеријата. Алуминиумските тркала се заменети со поевтини челични тркала, но и овие се со прилично убав дизајн.

Оние кои внимаваат на деталите сигурно ќе забележат како е вграден капакот на резервоарот. Исто како и антената со перка од ајкула, стоп светлото сместено на дното на задниот дел и едноставните спортски седишта внатре. Исто така, има дури и налепница со знакот GPL на задното стакло.

Ако Dacia Speeder некогаш влезе во производство и ја задржи сегашната политика на ниски цени, автомобилот би можел да биде најубавиот и најевтиниот спортски автомобил на пазарот.