Во август на Pebble Beach, Lamborghini го претстави ажурираниот Urus во помоќна верзија Performante, воедно и нов рекордер на Pikes Peak, меѓутоа, вистинскиот наследник на исклучително популарниот Super SUV во неговата основна форма е новата S верзија.

Компанијата од Sant’Agata Bolognese за прв пат ќе продава две верзии на духовниот наследник на моделот LM002. Може да се каже дека служи како суптилна алтернатива на Performante, онолку колку што може еден Lamborghini може да биде …

Верзијата Urus S е придвижуван од истиот надграден 4.0 литарски V8 твин-турбо мотор од Performante кој развива 666 КС и 850 Nm вртежен момент, но Performante е полесен за 47 килограми и затоа е побрз. Од Lamborghini велат дека Performante од 0 до 100 km/h забрзува за 3,3 секунди, додека на Urus S му требаат 3,5 секунди. 

Помеѓу премиерите на Performante и S, Ferrari го претстави својот SUV Purosangue со V12 мотор. Ова се директни ривали, а конкуренција се и Aston Martin DBX 707 и Bentley Bentayga Speed.

Lamborghini во понудата вклучува мат титаниумски бандажи од 22 инчи и бронзен сет од 23 инчи. Можно е да се избере „гол“ карбонски покрив, како и мат или сјајно црни завршетоци на новиот издувен систем наместо брусен челик.

Стандардната опрема вклучува заштита на подвозјето изработена од нерѓосувачки челик во мат црна боја, како и карбонска хауба со мат црни доводи за воздух. Опциите се темни или карбонски мат или сјајни детали. Внатрешноста во две бои има нова кожа во две нијанси.

Urus S во Италија има цена од 195.538 евра пред оданочување.

Засега нема информации за хибридната верзија, но од Lamborghini велат дека ќе ги електрифицираат сите свои модели до 2024 година. Urus би можел да добие plug-in хибриден погон базиран на оној што го користи Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid, но засега ништо не е потврдено.