Доаѓаат големи промени – по SUV моделот, доаѓа и електрично Ferrari!

Тукушто фановите на Ferrari мораа да се соочат со фактот дека сега се нуди и подигнат модел со четири седишта, од Ferrari доаѓа нов шок. Првиот човек на компанијата Бенедето Виња го потврди доаѓањето на електричниот модел.

Во интервју за Top Gear тој вели дека моделот ќе биде „уникатно, вистинско Ferrari“. На некој начин тоа е и очекувано, бидејќи Виња неколку месеци претходно изјави дека Ferrari може да се справи со дополнителната маса како резултат на електричниот погон, а притоа да ги задржи препознатливите возни карактеристики на најпознатиот италијански автомобилски бренд.

„Работиме напорно за да ја задржиме душата на машината, потпирајќи се на долгогодишното искуство и експертиза“, вели Виња по патентните скици на автомобил со батериски модули сместени под и зад седиштата, како и оние за „електричар“ на четири тркала со електромотор. Многу малку се знае за електричниот модел, а производителот зборува општо кога зборува за идниот модел.

Првото електрично Ferrari ќе пристигне во 2025 година, а планот е електричните автомобили да земат удел од 40 отсто од продажбата до 2030 година. Чистокрвните бензински автомобили би имале удел од 20 отсто, а останатите 40 отсто би отишле кај хибридите. 

На крајот на краиштата, електрифицираните 296 GTV и SF90 Stradale јасно покажуваат каде цели Ferrari и како ја гледа иднината на суперспортските автомобили. Вистина, Purosangue пристигна со V12 мотор, но има простор и за хибриден погон.

За потсетување, Ferrari ќе лансира уште 14 автомобили до 2026 година, вклучувајќи и еден хиперспортски модел.