Една од главните причини за губење на енергија е претворањето на наизменичната струја (кога излегува од домашниот приклучок) во еднонасочна струја од батериите

Германскиот автомобилски клуб ADAC спровел експеримент со четири електрични автомобили: Renault Zoe, Fiat 500e, Tesla Model 3 и VW ID.3. Автомобилите биле споредувани во услови на полнење од стандарен домашен приклучок и на ѕидна кутија. Резултатот е сосема јасен: при полнење од домашен штекер, загубите се најголеми. Кај Renault Zoe исчезнале добри 24 проценти од електричната енергија, 15,2 проценти во Tesla Model 3, по што следат VW ID.3 (13,6 проценти) и Fiat 500e (12,7 проценти).

Загубите биле значително намалени при полнење од ѕидна кутија со 11 kWh. Кај Renault Zoe одливот на енергија паднал на 9,7 отсто, кај Tesla на 7,7 отсто, кај VW на 9 отсто и кај Fiat на 6,3 отсто. Една од главните причини за губење на енергија е претворањето на наизменичната струја (кога излегува од штекерот) во еднонасочна струја од батериите.

Релевантни загуби се јавуваат и во електричниот систем од 12 волти на возилото поради бројните контролни единици кои се активни за време на процесот на полнење. Се случуваат и незанемарливи загуби, на пример, ако кабелот до штекерот е премногу долг.