Цената и имиџот нужно не значат и врвна, а камоли најдобра технологија

Токму тоа го покажува студијата на J.D. Power врз основа на изјави од 84.615 нови сопственици на автомобили и нивното искуство како сопственици најмалку 90 дена.

Во ова опкружување, апсолутно најдобри и единствени брендови над просекот на индустријата за премиум возила се Genesis и Cadillac, а ако ги сведеме критериумите на целата автомобилска индустрија, Mercedes и Hyundai исто така се рангирани високо како најдобро оценети брендови за широките маси.

Ако се бараат губитниците од J.D. Power’s 2022 Tech Experience Index (TXI) истражувањето, тоа сигурно ќе бидат Mazda, Honda и Chrysler, но и Porsche, кој е четврти најлошо оценет бренд, но и најлошо позициониран премиум производител.

Tesla треба да се спомене како куриозитет. Има апсолутно најдобри оценки, но брендот се уште е исклучен од официјалните резултати бидејќи не сака да споделува податоци со J.D. Power.

Ако бараме победници во класата, тогаш ова се следните автомобили.

Во ова истражување, сопствениците на нови автомобили оценувале вкупно 35 технологии поделени во четири категории: удобност, автоматизација, енергија и одржливост и инфозабава и поврзување.