Логото на спонзорот можеби да ги нарушува анти-тобако регулативите во земјата

Партнерството на Ferrari со тутунскиот гигант Philip Morris можеби е во спротивност со регулативите за рекламирање на тутунски производи и брендови во Австралија. На само еден месец до почетокот на новата Formula 1 сезона со трката во Мелбурн, австралиските власти започнале истрага во однос на логото на Mission Winnow. Во принцип истото не рекламира одреден производ, но премногу потсетува на познато логото на цигарите Marlboro.

Уште од поставувањето на предметниот амблем на болидите и тимските одела на Ferrari минатата година се појавија сомневања дали оваа нова комбинација на бела и црвена боја не е обид да се заобиколат правилата. Од 2007 па наваму, во Formula 1 е забрането да се промовираат цигари и тутунски брендови, па затоа Scuderia ja раскина соработката со брендот Marlboro во 2011.

Меѓутоа, во Маранело, со децении e силна врската со сопственикот на Marlboro, Филип Морис. Благодарение на некои инвентивни решенија, фановите се уште го поврзуваат Ferrari со црвено-белиот дизајн на цигари. Од тутунскиот гигант пак дошле до заклучок дека партнерството помеѓу тимот и компанијата е глобално и се управува надвор од Австралија. И покрај многуте недоречености,, засега,не е јасно дали ова ќе овозможи „Црните коњи“ да дојдат на Алберт Парк со логото на Mission Winnow.