
Ferrari го доби спорот со Филип Плејн, но дизајнерот вели дека не е готово
Швајцарскиот дизајнер Филип Плејн го загуби судскиот спор против Ferrari и му е наложено да плати 300.000 евра отштета на италијанскиот производител на автомобили
Спорот меѓу двете страни датира од пролетта 2018 година, кога Ferrari покрена тужба против Плејн за користење на автомобил на марката во свое шоу одржано во Милано една година порано. Во претставувањето на дизајнерот учествувале и автомобили на Lamborghini и Rolls Royce, но незадоволство изразил само Ferrari.
Сепак, скандалот изби подоцна откако Плејн на Instagram објави фотографии од неговиот модел на патики поставени на Ferrari 812 Superfast, кој исто така е во сопственост на дизајнерот. Ferrari веднаш реагираше и го обвини Швајцарецот за „нарушување на угледот“ на марката, бидејќи на фотографиите имало многу разголени девојки.
„Таквите појави го претставуваат Ferrari како дел од животот кој е целосно некомпатибилен со перцепцијата на марката. Причина се изведувачите кои прават целосни сексуални алузии и користат автомобили на Ferrari како реквизити на начин што е сам по себе непријатен”, се вели во соопштение на производителот на спортски автомобили.
Судот во Милано ги прифати аргументите на Ferrari и му наложи на Плејн да и исплати на компанијата надомест од 300.000 евра како надомест, како и да ги надомести надоместоците на адвокатите во износ поголем од 25.000 евра. Покрај тоа, дизајнерот од својот профил на сите социјалните мрежи треба да ги отстрани сите фотографии на моделите на Ferrari. Тој мора да ги избрише сите свои објави што го прикажуваат Ferrari, а доколку сподели нови, ќе плати по 10.000 евра за секоја фотографија или видео.
Веднаш по пресудата на судот, Плејн покажа дека воопшто не му е гајле објавувајќи фотографија од неговиот зелен 812 Superfast на Instagram. Дизајнерот беше категоричен дека ќе ја обжали пресудата, а следното рочиште за случајот ќе се одржи на пролет 2021 година.
Плејн додава дека е подготвен да ја плати сумата веднаш, но само доколку Ferrari ја донира во добротворни цели. Дизајнерот притоа не заборави и да го „искара“ производителот на спортски автомобили, пишувајќи дека доколку компанијата ја вложи истата енергија во Formula 1, сигурно ќе ја освои титулата.