Ferrari објави видео од својот најнов модел кој навистина изгледа и звучи моќно

F8 Tributo својата премиера ја имаше овој месец на Салонот за автомобили во Женева, а вљубениците во суперспортски автомобили сега можат да уживаат и во звукот на неговиот моќен V8 мотор

Со своите 720 КС кои се испорачуваат при 8.000 вртежи во минута и 770 Nm достапни веќе од 3.250 вртежи во минута, 3.9-литарскиот V8 агрегат во F8 Tributo е помоќен од оној во Ferrari 488 GTB за 50 „коњи“, додека максималниот вртежен момент е поголем за 10 Nm.