Хамбург ќе биде домаќин на Светскиот конгрес за интелигентни транспортни системи (ITS) во 2021 година, каде што се очекува во центарот на вниманието да бидат автономните системи за возење

За да има што да покаже, Volkswagen објави дека официјално влегува во индустријата на високо-автоматизирани автомобили со флота од пет возила за тестирање.

Почнувајќи од следната година, пет e-Golf  единици, опремени со ласерски скенери, камери, ултразвучни сензори и радари, самостојно ќе возат делница од девет километри, кој моментално се гради во Хамбург.

Станува збор за тестирање на системот со ниво 4, со што ќе се одбележи првото влегување на Volkswagen во овој сегмент од индустријата, кој треба на сцена да стапи во следната деценија, обезбедувајќи транспорт за граѓаните.

Секој од петте e-Golf автомобили е опремен со 11 ласерски скенери, седум радари и 14 камери. Автомобилот може да се справи со 5 гигабајти податоци во минута, благодарејќи на способноста за обработка еднаква на онаа на околу 15 лаптопи.

Вештачката интелигенција со која е опремен e-Golf, ќе може да чита податоци за сè што се наоѓа во околината во милисекунди, за потоа да донесува соодветна одлука. Со цел да се постигнат најдобри резултати, Volkswagen ќе тестира софтвер поврзан со длабоко учење, неуронски мрежи и шеми за препознавање.

Досега, Volkswagen нема специфицирано што сака да направи со технологијата, но сугерира дека идното ID семејството на автомобили, барем до одреден степен, може да биде дигитално поврзано и автоматизирано.

https://youtu.be/ChwAnMRLnig