Производителот на Волфсбург тврди дека ова возило ќе има сосема нова конфигурација на седиштa во споредба со постоечките автомобили

Електричниот концепт I.D. Roomzz ќе дебитира на 16 април на саемот за автомобили во Шангај, како уште еден во серијата концептни автомобили на електричен погон кој ја најавува електричната револуцијата на Volkswagen.

Германскиот производител тврди дека производната верзија на овој кросовер на пазарот во Кина ќе стигне во 2021 година, а потоа и во други земји ширум светот.