Шпанскиот возач остава можност да се врати во најбрзиот циркус на светот

Поранешниот двократен светски шампион би сакал да се обиде повторно во Formula 1 во 2021 година. Фернандо Алонсо во интервју за шпанскиот AS вели дека вратата за враќање е отворена и оваа година. 

„Има уште неколку слободни недели за да ме контактира некој од тимовите. Ако ништо не се случи до тогаш, има простор за 2021 година“, вели Алонсо.

Тој додава дека верува во неговите способности и дека новите правила ќе бидат клучни за неговото враќање. 

„Со помалку гориво за време на трка и со тркала од 18 инчи, ќе има промена во начинот на кој возите на патеката, па верувам дека мојата возраст нема да биде проблем“, вели Шпанецот.

Алонсо вели дека поглоемиот проблем би бил да се избере вистинскиот тим, бидејќи спроведувањето на новите правила може да резултира со голем пресврт на гридот. Тој исто така истакнува дека има голема самодоверба и желба повторно да се докажува.

Во мојот музеј има многу трофеи, а многу од нив се од Formula 1, но ми недостасуваат триумфи на хибридната ера. Тоа е чудно и сакам да го исправам тоа“, заклучува Фернандо Алонсо.