Fiat го враќа касетофонот, а Toyota го најави Yaris во пикап изведба

Ова се само некои од вестите кои вчера го обиколија автомобилскиот свет. И не беа плагијат, напротив, истите беа пласирани од самите производители, за да ги „измамат“ или барем да ги насмеат своите фанови.

Fiat отиде веројатно најдалеку и го презентираше својот најстар модел во специјално издание. Panda Havaii добил кафена врата, црн браник, а внатре наместо дигитален инфо-забавен систем – радио касетофон. Под капакот на моторот се наоѓа моќен мотор со 39 КС како уште една врска со стариот Cinquecentо, но исто така и со серијата Inbetweenrs. Од Fiat велат дека моделот е наменет за помлади возачи, а перформансите се толку скромни што осигурувањето е бесплатно. Затоа наводно автомобилот е многу привлечен на спротивниот пол, вели креативниот имагинарен портпарол на Fiat, Buffo D’Aprile.

Добар обид и од Jaguar Land Rover. Тие одлучија да го промовираат својот plug-in хибрид Range Rover P400e со информација за тоа дека е отворена нова  најоддалечена британска полначница. Таа се наоѓа на островот Скај, на 24 километри од првиот пат. Во компанијата не очекуваат гужви.

Toyota се одлучија да го најават Yaris Adventure, пикап изведба на градскиот автомобил со две седишта и многу опции во задниот дел, но со носивост од само 135 килограми. Австралијците пак добија ван Hiace во кабрио издание.