FCA ќе ги укине дизел моторите до 2022 година
Дистанцирањето од дизел-технологијата е општ тренд во автомобилската индустрија. „Иницијална каписла беше аферата DIeselgate на Volkswagen иако се повеќе е јасно дека германскиот гигант не е единствениот „виновен“ во целата ситуација
Последица на ова е тоа што се повеќе и повеќе автомобилски компании се свртуваат кон алтернативни, хибридни и електрични погонски системи, додека бензинските мотори се чини дека се еколошки поподобни.
Fiat Chrysler Automobiles е последната во низата на компании која се префрлува на „зелен“ колосек. Имено, во италијанско-американскиот конгломерат одлучиле да ги исфрлат дизел погонските агрегати од сите патнички автомобили во рамките на групата. Тоа нема да се случи веднаш, според Financial Times, тоа процес кој ќе потрае до 2022 година.
Иако од FCA нема официјално соопштение, се верува дека одлуката е направена како дел од новиот четиригодишен план, кој ќе биде презентиран на 1. јуни. Денес е многу тешка задача за производителите на автомобили да развијат дизел мотори кои се во согласност со строгите еколошки прописи, што ги принудува да ги инвестираат своите средства во други решенија, осебно во електрификација и бензински мотори.
Со трендот на опаѓање на продажбата на автомобили на дизел погон во Европа (уделот на пазарот падна за 8 отсто на 43,8 проценти во 2017 година), јасни се следните чекори на автомобилските компании. Исто така, треба да се напомене дека воведувањето на новиот Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedure, (WLTP) циклус, експертите проценуваат дека трошоците поврзани со дизел моторите ќе скокнат за 20 проценти, за да би биле во склад со стандардите на WLTP.
Сепак, FCA нема целосно да се откаже од дизел технологијата, поради тоа што ќе биде задржана во рамките на комерцијалните возила. Од друга страна, интересно е дека FCA e единствениот голем производител на автомобили во Европа, кој раст кога станува збор за продажбата на дизели во текот на 2017 година, во споредба со претходната година. Уделот се зголемил за 0,2 проценти на 40,6 проценти.