F1 Русија 2018: Со тимска наредба Хамилтон до нова победа
Британскиот возач Луис Хамилтон по трет пат е победник на трката за Големата награда на Русија на патеката во Сочи
Хамилтон победи пред клубскиот колега Валтери Ботас и андемот на Ferrari, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Позициите во врвот од оние на квалификациите драстично не се променија, иако беше сосема очекувано дека во борбата за првото место помеѓу двајцата возачи на Mercedes, предност да добие Хамилтон како лидер во шампионатот. Тој сега има 50 бодови повеќе од вториот во генералниот пласман, Себастијан Фетел.
И покрај победата на Британецот, возач на денот без дилема беше Макс Верстапен, кој од 19-то место на почетокот, дојде до првото место во еден дел од трката.
Верстапен на својот 21-ви роденден возеше фантастично, агресивно, ги користеше DRS зоните за да ги престигне ривалите, за на крајот по неизбежното одење во бокс на замена на гумите, заврши на петтото место.
Зад него заврши неговиот клупски колега од Red Bull, Даниел Рикардо, а во првите десет пласман остварија и Шарл Леклер, Кевин Магнусен, Себастијан Окон и Серхио Перес.
Почетокот на трката им припадна на Верстапен и Фетел. Првиот уште од почеток тргна како да е „гладен“ за што подобар пласман и веќе до петтиот круг беше помеѓу првите десет. Себастијан Фетел од самиот почеток тргна жестоко и по неколку секунди беше „тркало до тркало“ со Хамилтон. Сепак, Ботас и Хамилтон го одбија нападот, и во првите десет круга, на врвот беа двата болиди на Mercedes и двата на Ferrari.
Во четвртиот круг, проблеми за Toro Rosso. Брендон Хартли мораше да се откаже поради проблеми со сопирачките, а по него и вториот возач на тимот Пјер Гасли. Но тука и завршија откажувањата.
По првите пит-стопови за замена на гуми, Раиконен беше прв, Верстапен втор, Ботас трет, Фетел четврти и Хамилтон петти.
Во 16-тиот круг, Британецот покажа дека повеќе ја сака победата од Германецот и речиси се судри со него, обидувајќи се да го помине од внатрешната страна. Во тоа успеа веќе во следниот круг и од тој момент, Фетел практично и не беше поголема опасност за Британецот.
Во 19-тиот круг Верстапен го презеде првото место кое го држеше до 44-от круг, кога мораше да влезе во бокс на замена на гумите. Супер-меките гуми не му донесоа уште побрзи кругови, па падна на петтото место каде што и ја заврши трката. За тоа време, Хамилтон и Ботас ги забрзаа своите кругови, ја спуштија границата под минута и 35 секунди и на крајот на Mercedes му донесоа двоен подиум.
Треба да се забележи дека Ботас, по директива на тимот, во 26-от круг го пропушти Хамилтон, иако беше побрз во секој поглед.
Во генералниот поредок, на пет трки пред крајот Хамилтон има 300 поени, Фетел има 256, Ботас 189 и Раиконен 186.
2018 Russian Grand Prix: Резултати
2018 Russian Grand Prix: Race Highlights
2018 Russian Grand Prix: Изјави по трката
Луис Хамилтон и Валтери Ботас (Mercedes)
There are good teammates
And then there is @ValtteriBottas ??#RussianGP ?? #F1 pic.twitter.com/eHMXB11ur0
— Formula 1 (@F1) September 30, 2018
Макс Верстапен (Red Bull)
Start: P19 ?
Finish: P5 ?
Laps led: 24 ?
So how was that for a 21st Birthday, @Max33Verstappen? ?#RussianGP #F1 ?? pic.twitter.com/8v5qWq12Et
— Formula 1 (@F1) September 30, 2018
2018 Formula 1: Генерален пласман (ВОЗАЧИ)
Следната трка ќе се вози на 7 октомври на Сузука за Големата награда на Јапонија.