Баварскиот бренд на малиот електричен i3 му додели нови батерии со висок капацитет за поголема автономија

Малиот i3 во иднина енергијата ќе ја влече од батерија капацитет од 42,2 kWh, што претставува значително подобрување со оглед на фактот дека од кога е преставен во 2013 година користи батерии од 22,3 kWh.

Од BMW наведуваат дека со новите батерии, моделот i3 ќе има автономија до 260 километри по полнење, што претставува зголемување од околу 30% во споредба со сегашната автономија. Германската марка објави дека мерењето го вршела во урбани услови за возење на температура од околу 20 Целзиусови степени.

Перформансите и понатаму остануваат исти и за i3 и i3s, Тоа значи дека i3 до 100 km/h и понатами стигнува за 7,3 секунди, а варијантата i3s за 6,9 секунди.

Новина е тоа што основната варијанта i3 сега може да се купи со Sport пакет кој вклучува пошироки гуми и поцврста суспензија за поспортско чувство во возењето. Новина се и четири нови двобојни комбинации за каросеријата.