F1 Bahrain GP 2019: Хамилтон и Ботас среќно до еден-два победа, нова катастрофа за Ferrari!
Луис Хамилтон е победник на ГН на Бахреин во Шакир! Зад него заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас, а третото место го зазеде несреќниот Чарлс Леклерк кој во поголемиот дел од трката беше на лидерската позиција
На самиот почеток на трката дојде до многу поместувања во однос на саботните квалификации. Леклерк ја загуби првата позиција од Фетел веднаш на стартот, за да потоа да ја загуби и таа позиција од Ботас, кој го помина Хамилтон на првата кривина.
Сепак, веќе во вториот круг, Ботас прави грешка на влезот во првата кривина, а тоа го користи Леклерк и се враќа на втората позиција. Оваа грешка на Ботас набрзо го чини и губење на позиција од тимскиот колега Хамилтон. Неколку круга подоцна, Леклерк го стигнува Фетел, ја користи предноста на DRS зоната и ја враќа лидерската позиција во трката.
Првиот круг го одбележи и инцидентот помеѓу Грожан и Строл, по кој и двајцата мораат во своите боксови по нови предни крила и нови гуми. Остатокот од гридот во тие моменти е прилично набиен, односно возачите од шестиот па се до 15-от пат се во време од само шест до седум секунди.
Првото одење во бокс по замена на гуми го прави Кими Раиконен, а по него истото го прават и Гасли, Албон, Норис и Магнусен.
Прв од водечките во бокс заминува Верстапен, за да потоа се врати како деветти зад Џовинанци, кој сеуште не беше заминат на замена на гумите. Круг подоцна, во бокс одат и Леклерк и Хамилтон. Уште еден круг подоцна истото го прави и Фетел, но на патеката се враќа зад Хамилтон, а пред Ботас и Верстапен. Од водечките, само Хамилтон го става и вториот сет на меки гуми, за разлика од останатите на медиум гуми.
Во 17-тиот круг Грожан се повлекува од трката поради премногу штета на болидот. Во 21-виот круг, Хулкенберг успева доволно да се приближи до Раиконен и да го престигне при влегувањето во првата кривина. Во 23-от круг Фетел ја враќа позицијата од Хамилтон.
Во 25-от круг, Рикардо оди во бокс, по што се враќа зад Магнусен кој исто како и возачот на Renault e на стратегија со едно менување. Во истиот круг Норис успева да го помине Раиконен во битка за седмото место.
Во 33. круг, Макс Верстапен добива повик од боксот за второ застанување по што добива медиум гуми. Во тие моменти, Леклерк веќе има повеќе од осум секунди предност пред својот тимски колега Фетел, и се чини дека рутински ќе ќе привршат трката за еден да победа. Еден круг подоцна, Хамилтон, исто така, влегува во боксот и добива медиум гуми.
На овој потег веднаш реагираат од Ferrari и го повикуваат Фетел на смена на гумите, но повторно се вреќа на патеката пред Хамилтон. Сепак, неколку круга подоцна, Хамилтон успева да се доближи до Фетел, овој прави почетничка грешка и ја губи битката со Хамилтон.
As dramatic as it was unexpected ??
Sebastian Vettel's challenge comes to an abrupt end in Sakhir#BahrainGP ?? #F1 pic.twitter.com/QeNjngIIVG
— Formula 1 (@F1) March 31, 2019
Но тука не е крајот за проблемите на Германецот. Додека се обидува да се врати во тркачкиот ритам од претходно, го стигнуваат болидите кои доцнат цел круг. За негова несреќа доаѓа до мал контакт со Расел од Williams и набрзо поради преголеми вибрации, Фетел го губи предното крило. Повторно мора во боксот по што се враќа дури на осмото место зад Норис од McLaren. Сепак, до 45-от круг успева да стигне до петтото место.
Неколку круга подоцна, нови проблеми за Ferrari. Леклерк пријавува проблем со погонската единица и почнува драстично да губи време од круг во круг, особено на правците. Сето тоа набрзо го користи Хамилтон, кој во 48-круг го престигнува Леклерк и става крај за надежите за победа на младиот возач.
Charles Leclerc's race unravels ?#BahrainGP ?? #F1 pic.twitter.com/pJJHMTVIHG
— Formula 1 (@F1) March 31, 2019
Иако од Ferrari го известуваат Леклерк дека Ботас не би требало да го пристигне, Ботас додава гас и за неколку круга надокнадува десет секунди и го минува Леклерк.
На само три круга пред крајот, доаѓа спасот за Леклерк за задржување на барем третата позиција – возилото за безбедност. Двата болида на Renault во ист круг ја завршуваат трката поради проблеми со моторот и поради тоа возилото за безбедност мора на патеката каде останува се до крајот на трката. Мала утеха за несреќниот Леклерк е тоа што покрај бодовите за третото место, на неговото конто се книжи уште еден бод – оној за најбрз круг во трката.
"You drove fantastically… you've got a long future ahead of you"?
Big respect for @Charles_Leclerc from the race winner ?#BahrainGP ?? #F1 pic.twitter.com/QHiuz3uoPZ
— Formula 1 (@F1) March 31, 2019
Резултати:
2019 Bahrain Grand Prix Highlights:
Леклерк:
„Се случува. За жал ова не беше наш ден, и се разбира, јас сум екстремно разочаран. Многу ми е тешко да прифатам, но како и да е благодарност до тимот … Честитки за Луис и Валтери“
Ботас:
„Ова беше тешка трка за мене, балансот на болидот не беше добар – правев многу грешки“
Хамилтон:
„Ова беше навистина, навистина тешка трка денес. Чарлс направи одлична работа, па крајот е навистина катастрофален за него. Борбата со Фетел беше одлична забава за мене”
Следната трка се вози две недели во Кина!