Возило кое совршено се вклопува во амбиентот на еден голем град

Францускиот бренд верува дека иднината, кога станува збор за испорака на пакети, се рефлектира во новиот EZ-Pro концепт, кој всушност е електрична автономна платформа. Компанијата има визија за конвој од овие возила кои „зујат“ по градските улици и испорачуваат пратки.

Renault го дизајнирал концептот за да „стопи“ со урбаниот пејзаж, така да биде што помалку забележлив. Исто така, замислени се два типа од ова возило. Едно, кое е на чело и кое ќе превезува важни и кршливи пратки, ќе има присуство на оператор, кој пак ќе има можност и да управува со возилото со џојстик, доколку е потребно. Другиот тип на возило би бил полн со заклучени орманчиња, коишто корисниците ќе ги отворат преку мобилни уреди.

Францускиот бренд верува дека една од предностите на користење на автономна платформа за испорака на пратки е таа што примателот може конкретно да одлучи кога сака неговиот пакет да биде испорачан. Ако нешто е важно, клиентот може да побара предметот да биде испорачан на работа, или дома пред или по работното време. Дури и пратката може да се следи во реално време.

За сега, EZ-Pro е само концепт и не е јасно дали Рено навистина има намера да стави такво возило во производството.

Loading...