Европската комисија сепак попушта во однос на новиот Еуро 7 стандард?!
Во раководните кругови на автомобилските кругови владееше паника, која често се граничи и со хистерија, уште од моментот кога беше објавена имплементацијата на стандардот за издувни гасови Еуро 7. Во истиот момент започна лобирањето против воведувањето строги прописи, кои требаше да стапуваат во сила кон средината на деценијата. Сега се чини дека регулативата за која станува збор ќе биде значително разводнета од Европската комисија, која смета дека ќе ги ослободи производителите на возила од обврската за големи инвестиции
Магазинот „Политико“ дошол до копија од документ кој фрла светлина на она што е напишано во регулативата на Европската комисија во врска со протоколот Еуро 7, а каде пишува дека е извршен „завршен преглед на документот“ кој ги илустрира новите правила „и сето тоа во светло на актуелните геополитички и економски околности“. Во основа, се чини дека Европската комисија сака да го намали притисокот врз економијата, што инаку може да доведе до тоа „клиентите да не можат да ги обезбедат своите основни потреби во светлината на постојано присутната зголемена инфлација“.
Првично, Еуро 7 требаше да овозможи усогласување на стандардите за емисии на сите автомобили и комбиња со оние на четири тркала на бензински погон, според стандардот Еуро 6 во Европа. Законодавецот смета дека по конечното „брусење“ на регулативата, ќе има намалување на трошоците за истражување и развој кои ќе паднат на товар на конструкторите, се со цел да се дизајнираат нови и почисти мотори, имајќи ја предвид предложената забрана за сообраќај на возила со мотори со внатрешно согорување која треба да стапи во сила во 2035 година. Со други зборови, Европската унија конечно сфаќа дека е бесмислено да се бара од производителите да ги модернизираат постоечките мотори со внатрешно согорување, кои би биле осудени на изумирање само неколку години подоцна.
Нормално, ова неможе да пројде без позитивни, но и спротивни мислења. Додека оние од автомобилската индустрија веруваат дека новите инвестиции „ќе привлечат ресурси кои треба да се потрошат за електрификација“, невладината (зелена) организација „Транспорт и животна средина“ (Transport & Environment) велат дека Европската комисија на овој начин покажала дека повеќе се грижи за профитот на производителите отколку за здравјето на милиони Европјани.
Како и да е, конечната верзија на документот ќе ја видиме на 9 ноември, кога ќе биде објавен. Инаку, стандардот Еуро 7 неколку пати беше одложуван, а според информациите кои важеа до неодамна, неговото објавување се очекуваше на 28 октомври. Секако, во 2025 или 2026 година ќе стапат на сила стандардите за емисија кои се построги од сегашните.