Во Европа продажбата на автомобили со дизел мотори бележи пад од скоро осум проценти во 2017 година во споредба со претходната година

09

Минатата година на Стариот континент биле продадени 6,67 милиони возила со дизел мотори, а тоа 43,7% од пазарот, што е најмал удел на континентот во последните десет години.

Од падот на популарноста на дизелот, кој значително се придвижи во таа насока по скандалот Dieselgate во САД во 2015 година, најмногу профитирале бензинците, кои бележат раст на продажбата од 11% и доминантна позиција на пазарот.

SUV сегментот бележи раст на продажбата од 19,5 проценти, додека хибридни и електрични автомобили се регистрирани 46,1 проценти повеќе, но и покрај тоа сѐ уште сочинуваат помалку од 5 отсто од пазарот.

Продажбата на возила во Европа генерално повторно пораснала во споредба со претходната година, но побавно отколку порано.

Во 2017 година, во Европа се регистрирани вкупно 15,6 милиони нови автомобили.