Еве со што ја поднови сопругата херојот на Црвена звезда од Копенхаген / ФОТО+ВИДЕО
Голманот на Црвена звезда Милан Борјан решил да ја расположи сопругата со навистина одличен подарок
Тој и го купил најголемото и скоро најскапо Audi на пазарот. Станува збор за Audi Q8, еден од моментално најпопуларните премиум кросовери на пазарот. Белото Audi го украсил со машна и балони, а сопругата до автомобилот ја донел со врзани очи. Ефектот беше постигнат, а Снежана пресреќна.
Борјан не штедел и ја избрал верзијата 50 TDI, напојувана од 3.0 V6 дизел мотор од 286 КС и 600 Nm. Моделот троши само 7 l/ 100 km во град, а до стотка стигнува за само 6,3 секунди со максимална брзина од 245 km/h. На убавата Снежана „за шопинг“ на располагање ќе и бидат 600 литри багажен простор.
Милан Борјан во моментов го слави цела Србија затоа што вчера беше херојот на голот на Црвена Ѕвезда во дуелот против Копенхаген, кој заврши со позитивен исход за белградскиот тим откако Борјан во серијата од по 11 пенали одбрани три удари на противникот, а и сам стрелаше непогрешливо.