Емисиите на plug-in хибридните автомобили се три пати повисоки отколку што покажуваат официјалните тестови?!
Австриско истражување покажува дека официјалните лабораториски тестови драматично ги потценуваат емисиите на plug-in хибридните автомобили во споредба со тестовите во „реалниот свет“
Истражувањето ја доведува во прашање ефикасноста на plug-in хибридните возила, бидејќи тестовите спроведени на Универзитетот во Грац во Австрија за потребите на групата Transport & Environment, која се залага за „чист“ транспорт, откриваат голема разлика помеѓу официјалните бројки на тестовите за емисиите по WLTP и реалните перформанси.
Три тест автомобили, вклучувајќи ги BMW 330e xDrive, Peugeot 308 Plug-in Hybrid и Renault Megane E-Tech PHEV, поминале низ серија од три тест правци на јавни патишта дизајнирани да ги реплицираат типичните патувања. Опремата за мерење на емисиите ги евидентирала издувните гасови за секој од нив.
Додека официјалните WLTP лабораториски тестови покажуваат емисии на CO2 во комбиниран циклус помеѓу 27 и 37 g/km за тестираните автомобили, тестовите во реалниот свет вкупните евидентирале емисии помеѓу 85 и 114 g/km кога сите автомобили го започнале патувањето со целосно наполнета батерија. Тоа е трикратно зголемување во однос на официјалните бројки.
На „градската рута“ дизајнирана да го реплицира типичното градско возење, plug-in хибридите работеле подобро кога се тргнувало со целосно наполнета батерија, но вкупните емисии сепак биле 1,2 до 1,3 пати повисоки од бројките по WLTP. Кога истата рута ја возел автомобил чија батерија претходно не била наполнета, емисиите биле меѓу пет и седум пати повисоки од оние според WLTP циклусот на мерење.
Тестовите, исто така, покренуваат прашања за дометот само на електрична енергија кој може да го обезбедат plug-in хибридите. BMW 330e патувал 26 проценти помалку од официјално наведеното, а Peugeot 308 дури 47 проценти. Сепак, Renault Megane E-Tech PHEV, сега заменет со целосно електричен Renault Megane E-Tech, го надминал својот електричен опсег според WLTP за неколку стотици метри.
Во извештајот на кампањата „Transport & Environment“ се вели дека plug-in хибридите не треба да се сметаат за возила со нулта емисија во урбаните средини и ги повика регулаторите ширум Европа да ги оданочат овие возила, вклучително и данок на реалните емисии наместо оние што се забележани во официјалните тестови, бидејќи тестовите можат значително да ги „потценат“ резултатите од реалниот свет.
Магазинот Auto Express пишува дека при тестирањето на PHEV возила редовно добивал слични резултати како што се наведува во австриското истражување, односно дека официјалните резултати од WLTP се значително различни во споредба со резултатите од тестирањето во реалниот свет.