Електричните автомобили поевтини од бензинците до 2025 година?
Според анализата на специјализираниот финансиски портал Блумберг (Bloomberg), електричните возила (EV) би можеле за само седум години за да станат поевтини од возилата со мотор со внатрешно согорување
Во моментов и најефтините EV возила се многу поскапи од просечните автомобили на фосилни горива, но тоа очигледно може да се промени веќе од 2025 година.
Поради зголемување на сериското производство на литиум-јонски батерии, нивната цена може да падне од сегашните 200 долари по киловат-час на околу 70 долари до 2030 година.
„Продажбата на EV возила ќе продолжи да расте во следните години, но цената на батериите мора да продолжи да паѓа за целосно да зголеми продажбата на овие автомобили. Ако цената на суровините за батерии продолжи да расте, тогаш тие би можеле да назадуваат“, вели аналитичарот на Bloomberg за финансирање на нови енергетски облици, Колин Мекрачер.
Важна улога во намалувањето на цената ќе одиграат или треба да одиграат државните власти, затоа што многу градови се обидуваат да го подобрат квалитетот на воздухот.
Според анализата, укинувањето на бензинските и дизел автомобили може да отвори дополнителни 14.000 работни места во индустријата.