Интересно е што овој нов модел ќе има можност и за приклучок на струја

Идејата дека ќе купуваме само нови електрични автомобили (на батерии) од 2035 година се чини сè помалку сигурна бидејќи многу производители сериозно сметаат на водородот како погонско гориво – во класичните мотори со внатрешно согорување или системи со водородни горивни ќелии. Honda е еден од тие производители, а сега објави дека успеала значително да ја намали цената на целиот систем со водородни горивни ќелии и дека ќе биде вграден во новиот CR-V, како една од опциите.

Производството започнува следната година во фабриката во Охајо. CR-V на водород ќе го замени седанот Clarity Fuel Cell кој се нудеше во Калифорнија од 2017 до 2020 година.

Интересно е што овој нов модел ќе има можност и за приклучок на електрична енергија (слично на plug-in хибридите) за да може да понуди мала количина на електричен опсег без користење на водород.

Погонската група со горивни ќелии е развиена во соработка со General Motors (го претвора водородот во електрична енергија за напојување на електричниот мотор). Се вели дека е големо подобрување во однос на стариот погон на Clarity и користи 80 проценти помалку платина од претходно. Ова резултира со голем пад на цената (точните бројки се уште не се објавени).

Моделот CR-V со горивни ќелии ќе се придружи на Toyota Mirai, Hyundai Nexo и другите најавени автомобили со погон на водород. Оваа идеја се повеќе ги скокотка производителите како BMW, Renault…